Мени

Шпанија: Предложени нови казни за поставување линкови до наводно нелегални веб-локации

Шпанија планира да воведе казни за објавување линкови до (наводно) пиратски содржини. За разлика од ситуацијата пред неколку години, Шпанија сега сè повеќе попушта под притисокот од САД откако доби закана дека ќе биде ставена меѓу земјите на црната листа.

Откако беше избран во декември 2011 година, премиерот Маријано Рахој продолжи да го зголемува анти-пиратското законодавство на Шпанија, вклучувајќи го и законот Sinde. На 20 септември 2013 година, шпанската влада одобри измена и дополнување на Кривичниот законик воведувајќи казни за администраторите на веб-локациите што нудат линкови до авторски дела без дозвола на сопствениците на тие дела. Прекршителите можат да се соочат со затворска казна до шест години. Досега , законот ги казнуваше само оние кои умножуваа или дистрибуираа материјали заштитени со авторски права.

Измената ќе ги засега само оние што поставуваат линкови до материјал заштитен со авторски права „обезбеден незаконски од трети лица, за комерцијални цели“, вклучувајќи ги и оние кои остваруваат „директен или индиректен профит“, но не и поединците кои споделуваат датотеки или оние што користат P2P-софтвер или корисниците на веб-локациите што хостираат линкови.

Медиумите, правните експерти, па дури и авторите се скептични во однос на пропорционалноста и ефикасноста на новата измена. „Не верувам дека со овие мерки ќе се реши проблемот. Крајниот корисник мора да биде свесен за фактот дека прави прекршок“, рече Зигрид Краус, уредник на Salamandra, кој смета дека ова е првенствено прашање на образованост.

Многумина, како и локалниот рок-музичар Sr Chinarro, сметаат дека никој нема да оди во затвор само поради копирање диск или поставување линкови. Исто така, со цел да се докаже дека сопственикот на веб-локацијата за споделување датотеки го прекршил законот, мора да има „значителна повреда на правата на интелектуална сопственост“, но нема јасни насоки што тоа навистина значи.

Измените и дополнувањата одобрени од владата ќе се испратат до Собранието за дебата и останува да се види дали таквиот закон навистина ќе се примени.

Извор: ЕДРИ-грам „Spain: New penal sanctions proposed for alleged illegal linking“ бр. 11.18, 25 септември 2013.

Поврзани натписи