Мени

Швајцарија: училиштата треба да користат софтвер со отворен код за да ги инспирираат учениците

Ако на учениците им се промени ставот на потрошувачи во став на учесници, тие ќе бидат позаинтересирани за ИТ. „Училиштата едноставно применуваат ИТ, игнорирајќи ги образовните можности на новите технологии“.

„Училиштата во Швајцарија треба да ја зголемат употребата на софтверот со отворен код“, вели државниот советник Кети Риклин.

„Дигиталните производи обезбедуваат една важна база на знаење и софтверот со отворен код може да инспирира љубопитност и креативноста кај младите луѓе“, рече Риклин, еден од членовите на собраниската група за дигитална одржливост, група што се залага за независност од добавувачите на ИТ во јавниот сектор.

Овој месец Риклин апелираше до училиштата во Швајцарија да промовираат обука за слободен софтвер во училиштата. Обуката за наставниците и учениците и носителите на одлуки од училиштата ја организираше Швајцарската група на корисници на отворени системи, а се одржа во Цирих на 21 мај.

Неколку швајцарски училишта веќе мигрираат кон слободен софтвер со отворен код, истакна групата за застапување во соопштение за печат. Софтверот со отворен код беше вклучен во наставните планови на сите училишта во кантонот Женева во февруари годинава со донесувањето на новиот план од страна на Министерството за образование.

Извор: OSOR.eu „CH: Schools should use open source to inspire students“ 31 мај, 2011.

Поврзани натписи