Мени

Словенија: ден на Мајкрософт за поврзување на НВО во Љубљана

Денот за поврзување на НВО беше организиран од Мајкрософт и TechSoup Словенија.

Целта на Денот за поврзување на НВО организиран од Мајкрософт беше да се соберат на едно место разните организации кои ја користат Глобалната програма за донации, да се состанат и да разговараат за нивните најдобри практики. Меѓу важните точки на агендата, исто така, беа и презентациите на Мајкрософт за клауд-компјутинг сервисите како што се Windows Live и Office Live.

Присутните ја поддржаа идејата да се одржуваат редовни средби на NetSquared Local во Љубљана; Мајкрософт соопшти дека со задоволство ќе ко-организира вакви настани во партнерство со Словенскиот младински центар за информации и советување (MISSS), а можеби и ќе ги комбинираат со идниот Ден на НВО во јуни.

Извор: Fundacja Techsoup “The Microsoft NGO Connection Day in Ljubljana”

Поврзани натписи