Мени
vodovod.jpg

Состојбата на водомерите ќе се пријавува преку интернет

На овој начин сакаме да ја поедноставиме постапката за евидентирање на состојбата на водомерите, но и да покажеме почит кон приватноста на нашите корисници – изјави Миле Јанакиески, директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
vodovod.jpgГраѓаните ќе можат состојбата на своите водомери да ја пријават на интернет посетувајќи го официјалниот веб-сајт на претпријатието каде е отворен посебен линк кој ги содржи адресите за е-пошта за секој реон, на кои корисниците ќе може да испраќаат информации за состојбата на водомерите.

Со воведување на електронското евидентирање на состојбата на водомерите, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ нема да мора да ги посетуваат домовите на корисниците постојано, туку истите ќе доаѓаат повремено за да се уверат во вистинитоста на пријавената состојба. На овој начин сакаме да ја поедноставиме постапката за евидентирање на состојбата на водомерите, но и да покажеме почит кон приватноста на нашите корисници – изјави Миле Јанакиески, директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Матичниот број на сметката или  бројот на водомерoт и состојбата на водомерот корисниците можат да ги пријавуваат на  следните адреси за е-пошта:

reon.centar@vodovod-skopje.com.mk – општина Центар и дел од општината Чаир од реката Вардар до улицата „Џон Кенеди“ и делот до хотел „Континентал“.

reon.kiselavoda@vodovod-skopje.com.mk – општината Кисела Вода и  општината Сопиште, како и дел од општината Аеродром (од улицата „Владимир Комаров“ до Булевар Србија).

reon.karpos@vodovod-skopje.com.mk – општината Карпош, општината Ѓорче Петров и општина Сарај.

reon.cair@vodovod-skopje.com.mk – општина Бутел, општина Шуто Оризари, дел од општината Чаир (од улицата „Џон Кенеди“ до општина Бутел) и дел од општина Аеродром (од Железничката станица до улицата „Владимир Комаров“).

reon.gazibaba@vodovod-skopje.com.mk – општината Гази Баба и  дел од општина Аеродром (од населбата Лисиче, селата: Лисиче, Горно и Долно Лисиче, Драчево и општина Студеничани).

Поврзани натписи