Мени

Србија: 92% од младите корисници на интернет се на Фејсбук или Твитер

Државниот завод за статистика објави извештај за Употребата на информатичко-комуникациски технологии во Република Србија за 2011 година.  Корисниците на Твитер дискутираат за извештајот под хаштагот #ICTSrbija.


Дискусијата на Твитер ја иницираше Слободан Марковиќ (smarkovic), кој издвои неколку клучни наоди:

  • Во однос на 2010 г. бројот на корисници кои купувале преку Интернет е зголемен за 100.000 на вкупно 380.000
  • 82% од корисниците никогаш не порачувале или купувале стоки преку Интернет
  • 18,3% од претпријатијата во Србија користат Линукс, најмногу големи претпријатија (48%) поточно банки и осигурителни компании (57,9%). 58% користат Опен офис (OpenOffice.org).

Марко Лазаревиќ (havijer) го истакна следниот податок:

Процент на денот - 91,8% од [младата] популација на iнтернет [на возраст од 16 до 24 години] има профил на Фејсбук или Твитер…

Според извештајот за Србија

52,1% од домаќинствата поседуваат компјутер,
41,2% од домаќинствата имаат приклучок на Интернет,
а Интернет во последните три месеци пред анкетата користеле 42,2% од населението или 2,4 милиони луѓе, од кои 1,9 милион секојдневно.
69,8% од сите корисници изјавиле дека користат социјални мрежи, а 45,5% дека ја консултираат Википедија.

Поврзани натписи