Мени

Швајцарија: Политичарите бараат поголема застапеност на слободниот софтвер во образованието

Швајцарската парламентарна група за дигитална одржливост апелира до училиштата во земјата да започнат да користат софтвер со отворен код во образованието.

Тендерот објавен на 2 септември од страна на едно државно училиште во општината Јегенсторф, во кантонот Берн, предизвика незадоволство кај парламентарната група. „Повторно и повторно, на јавните тендери се бара Мајкрософт Виндоуз. Ова иритира, особено кога станува збор за набавките од страна на училиштата, бидејќи државните и меѓународните примери покажуваат дека Линукс е валидна алтернатива“, пишува групата во една изјава.

Во својот тендер, училиштето експлицитно ги отфрла ИТ решенијата базирани на Apple или на софтвер со отворен код.

Оваа дискриминација ги изненадува политичарите бидејќи отфрлањето на алтернативните решенија е веројатно противзаконско, велат, мислејќи на недамнешната одлука на сојузен административен суд во врска со потпишувањето на договор за софтверски лиценци од страна на една владина агенција со Мајкрософт.

Групата нагласува дека пред две години, Владата на кантонот Берн одлучила да ја зголеми употребата на софтверот со отворен код во образованието. Владата ја објасни својата одлука во тоа време, велејќи дека знаењето и искуството со софтверот со отворен код е потребно за студентите и наставниците, воведувајќи ги јавните концепти на овој вид на софтвер.

Јавниот тендер на Јегенсторф ги спречува школските студенти да ја исползуваат разновидноста на софтверот со отворен код и неговите придобивки за образованието и кариерата, вели парламентарецот Едит Граф – Личер од Социјалдемократската партија (СП), еден од членовите на Парламентарната група за дигитална одржливост.

Томас Вајбел, парламентарец од Зелената либерална партија додаде: „Во времиња кога јавните администрации насекаде треба да штедат пари, би очекувал тие сериозно да размислат за набавка на евтини и перспективни системи со отворен код“.

Во нивната изјава, парламентарците бараат да се стави крај на дисторзиите на ИТ пазарот. „Во светот, милиони користат софтвер со отворен код во училиштата. Погледнете ги на пример училиштата во Бразил, во Женева и најновиот пример во швајцарската општина Виниген.

Бернер Цајтинг го цитира Хајнц Рорбах, член на Советот на Јегенстор одговорен за образование, кој вели дека провајдерите на ИТ решенија за софтвер со отворен код се добредојдени да поставуваат прашања. „Сè уште не е ништо одлучено“.

Извор: OSOR.eu “CH: Politicians demand more open source in education” 8 септември, 2009.

Поврзани натписи