Мени

Тркалезна маса: „Заштита на личните податоци при нивното медиумско објавување“

На 18 јуни, од 10 до 13 часот,  се одржа тркалезна маса за приватноста и медиумите, во организација на Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија и Дирекцијата за заштита на личните податоци, на која учество зема и претставник од Метаморфозис.

Целта за организирање на ваков настан беше да се запознаат медиумите со нивната обврска за почитување на правото на заштита на личните податоци, особено во пресрет на измената на Законот за заштита на личните податоци, во контекст на примена на Законот од страна на медиумите.

Настанот беше поделен на 2 сесии во кои беа презентирани два важни аспекти поврзани со приватноста и медиумите:

  • Препораки за правично објавување на личните податоци и надлежности на Дирекцијата при заштитата на личните податоци“ – Елена Стојановска, Дирекција за заштита на личните податоци
  • Застапеноста на политиките за приватност на порталите на медиумите“ – Ирина Шумадиева, Фондација Метаморфозис

 

Погледнете и други презентации од Метаморфозис.

Учеството на Метаморфозис на настанот е дел од активностите во рамките на проектот Иницијатива за приватност на интернет.

На тркалезната маса имаше претставници од неколку медиуми кои активно учествуваа во дискусиите по секоја од сесиите.

 

Поврзани натписи