Мени

Твоја Европа – портал за граѓаните на ЕУ

Европската унија (ЕУ) го претстави новиот портал наречен „Твоја Европа“ (Your Europe). Порталот е наменет за граѓаните и за бизнисмените што живеат во ЕУ

        Европската унија (ЕУ) го претстави новиот портал наречен „Твоја Европа“ (Your Europe). Порталот е наменет за граѓаните и за бизнисмените што живеат во ЕУ.

        На него граѓаните можат да најдат разни информации за работата на државната администрација и тоа на мајчиниот јазик. Исто така, граѓаните можат да добијат информации од областа на правото, образованието, а можат и да аплицираат за работа во која било земја-членка на ЕУ. 

        Порталот е од голема помош и за бизнисмените затоа што им помага во пронаоѓањето на деловни партнери на територијата на ЕУ, а овозможува и комуникација меѓу бизнисмените од една држава со администрацијата на друга.

        Порталот е наменет само за граѓаните на земјите-членки на ЕУ и е достапен на сите јазици кои се зборуваат во ЕУ.

Поврзани натписи