Мени

Владата на Обединетото Кралство посветена на софтверот со отворен код

Владината коалиција на Обединетото Кралство сака да ја зголеми употребата на слободниот софтвер со отворен код од страна на јавната администрација.

„Политичарите и министерствата се посветени на имплементирањето на софтверот со отворен код на сите нивоа“, изјави Лора Чајковски, маркетинг менаџер во Сириус ИТ, ИТ фирма од Обединетото Кралство специјализирана за слободен софтвер со отворен код, за време на презентацијата во рамките на конференцијата за софтвер со отворен код FOSDEM што се одржа минатата сабота во Брисел, Белгија.

„Софтверот со отворен код најпрво ќе се имплементира на серверите а потоа и на десктоп компјутерите“.

Во следните неколку месеци, три конференции ќе ги поттикнат јавните администрации и давателите на ИТ услуги повеќе да го користат софтверот со отворен код. „ИТ менаџерите треба да бидат свесни за начините на кои тие можат да го користат набавките за да го зголемат користењето на софтверот со отворен код“.

Утре, на 11 февруари, на конференција за мали и средни претпријатија ќе се дискутира за промените потребни за вклучување на софтверот со отворен код во јавните набавки, соопшти Чајковски. „Се надеваме дека тоа ќе помогне да се зголеми улогата на малите и средни претпријатија во владините набавки“.

Десет дена подоцна, на 21 февруари, ќе се одржи трибина организирана од владата, фокусирана на ИТ компаниите кои обезбедуваат услуги базирани на софтвер со отворен код. Присуството на двата настани е исклучиво со покана.

Третата конференција, на 5 април, е наменета за претставници на училиштата и универзитетите. Конференцијата ќе ја организира „Сириус ИТ“ и владиниот проект Училишта со слободен софтвер.

Еден од најдобрите примери за имплементирање на софтверот со отворен код од страна на јавната администрација во Обединетото Кралство е Советот на градот Бристол. Има нова ИТ поставеност, со употреба на многу апликации базирани на софтвер со отворен код што беа набавени со партнерството меѓу постојната компанија за ИТ услуги со „Сириус“. Овој проект е најголемата имплементација на софтвер со отворен код од ваков вид во Обединетото Кралство до денес“, рече Чајковски. „Ние градиме една цела инфраструктура од софтвер со отворен код за градскиот совет“.

Министерството за одбрана, метеоролошкиот завод и Советот на градот Кардиф се дел од државните институции кои го испробуваат софтверот со отворен код и проучуваат како да го вклопат овој вид на софтвер во нивната ИТ инфраструктура.

Извор: OSOR.eu “‘UK government committed to open source'” 10 февруари, 2011.

Поврзани натписи