Мени

Заедничко писмо за надзор на пазарот и за Регулативата за безбедност на производите

На 2 октомври 2013 година, ЕДРи потпиша заедничко писмо со други граѓански групи и организации (CCIA , EDIMa , EuroISPA , EEA и EMOTA) барајќи од надлежните институции на ЕУ да дејствуваат во врска со измените и дополнувањата на нацрт-регулативите за надзор на пазарот и за безбедност на производите кои би можеле да имаат далекусежни последици врз трговијата преку интернет и слободата на интернет-посредниците.

Во писмото се бара да не се проширува опсегот на Регулативата за опфаќање на интелектуалната сопственост, бидејќи со тоа би се поткопала правната сигурност и би се ставил преголем товар врз компаниите, а особено врз малите и средните претпријатија.

Исто така, текстот укажува на голем број амандмани кои би го поткопале принципот на технолошка неутралност и би ја оптовариле е-трговијата со издвојувањето на „онлајн“ трговија и со барањето да им се наметнат несоодветни обврски на посредниците, барајќи од нив да вршат општ надзор. Ова би се косело со сегашното европско законодавство, Повелбата за човекови права и последните пресуди за SABAM на Европскиот суд на правдата.

Извор: ЕДРИ-грам „Joint letter on Market Surveillance and Product Safety Regulation“ бр. 11.19, октомври 2013.

 

Поврзани натписи