Мени
openwindows

Започна Get Online Week 2012

На 26 март, 2012 г. започна големата eвропска кампања Get Online Week, која има за цел да ги промовира придобивките од дигиталната инклузија и да привлече нови корисници на компјутери и интернет. Кампањата се спроведува со поддршка на Европската комисија во преку 30 земји од Европа и Евроазија, помеѓу кои, по втор пат, и во Македонија.

openwindows„Отворете ги прозорците“ е организатор на македонскиот дел од кампањата. Во наредните пет дена, здружението, во соработка со повеќе граѓански организации, јавни установи и медиуми, ќе ја пренесе пораката дека компјутерот и интернетот се алатки што можат да користат секому, без исклучок.  

За да ја дадете вашата лична поддршка за дигиталната инклузија, пополнете го дигиталниот бројач на поддржувачи на Get Online Week. Уште подобро, мотивирајте  член од вашето семејство, пријател или познаник кој досега не користел компјутер да го направи истото и да се увери во можностите што ги нуди современата технологија.

За потсетување, вашата поддршка при минатогодишната кампања ја рангираше Македонија на 14-то место помеѓу тогашните 30 држави кои учествуваа во Get Online Week.

Да придонесеме сите заедно за успешна кампања во Македонија!

Повеќе информации можете да најдете на: http://www.getonlineweek.eu

Извор: Отворете ги прозорците „Започна Get Online Week 2012“ 26 март, 2012.

Поврзани натписи