Мени

Зголемено ниво на цензура преку интернет во Италија

AGCOM, независната Агенција за електронски комуникации на Италија е многу блиску до добивање овластување за издавање наредби за отстранување на сите содржини кои смета дека го прекршуваат законот за авторски права, без потреба од судско или собраниско одобрение.

И покрај силните критики од невладините организации, интернет-провајдерите, другите компании или правните експерти, новата нацрт-регулатива за заштита на авторски права на мрежите за електронски комуникации на Агенцијата и овозможува да блокира италијански и странски веб-локации кои наводно го прекршиле законот за авторски права, во рок од 48 часа, без судска одлука.

Законот ќе се усвои во ноември 2013 година, по одлуката на Европската унија. Законот ќе и даде овластување на агенцијата AGCOM да им наредува на интернет-провајдерите да откриваат приватни информации за претплатниците и да им ги даваат на сопствениците на правата. Секоја веб-локација што ќе „поттикнува и помага“ кршење на авторските права, дури и индиректно“ ќе биде целосно запленета.

Еден сојуз од организации, вклучувајќи ги и групите на потрошувачи, адвокати и компании започна кампања за спротивставување на мерките воведени со законот со кои се ризикува интернет-провајдерите да се претворат во цензори на интернет, а кои се тотално неефикасни и што можат да доведат до прекумерно блокирање и злоупотреба.

Сојузот испрати и отворено писмо до Лаура Болдрини, претседателот на Долниот дом на Италијанскиот парламент барајќи од парламентот да ги земе работите во свои раце и да ја повлече нацрт-регулативата.

На 1 октомври 2013 година, членот на ЕДРи „Член 19“ даде детално мислење за предлог-законот покажувајќи загриженост дека „обезбедува блокирање цели веб-локации, имиња на домени или IP-адреси. Овие мерки се истовремено неефективни и штетни за слободата на изразување поради високите ризици од прекумерно блокирање. Ние сме загрижени и дека овластувањата за блокирање ќе му бидат доделени на регулатор наместо на судовите“.

Кога станува збор за вознемирувачки вести од Италија во врска со глупавите мерки за спроведување на правата на интелектуална сопственост, на 17 октомври 2013 година, по жалбата поднесена од групата FIMI на музичката индустрија, неколку големи веб-локации за торенти беа ставени на црната листа на интернет-провајдерите по наредба на судот во Бергамо. Покрај ExtraTorrent, 1337x, H33T и TorrentHound, италијанските интернет-провајдери е можно да го блокираат целиот опсег на IP-адреси поврзани со The Pirate Bay, вклучувајќи и некои со овластени содржини (како што е нивниот опслужувач за е-пошта). Опсерваторијата за цензура на интернет во Италија сега брои повеќе од 6000 веб-локации што се блокирани во Италија.

Извор: ЕДРИ-грам „Increased level of online censorship in Italy“ бр. 11.20, 23 октомври 2013.

 

Поврзани натписи