Мени
bewman-logo

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

ЕУ логоBEWMAN (Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад) е партнерска акција поддржана од Службата за граѓанско општество на Генералниот директорат за проширување на ЕУ преку програмата за грантови IPA 128287.

bewman-logoПроектот со своите активности планира да ги постигне следниве резултати: да ги зголеми соработката и размената на добрите практики за раководење со електронскиот отпад помеѓу сите релевантните страни, да ја подобри јавната свест за правилното раководење со електронскиот отпад, да се зголемат капацитетите на граѓанските организации за лобирање и застапување на правилно раководење со електронскиот отпад, темите поврзани со електронскиот отпад да се почесто застапени во медиумите и бројот на уреди кои се сé уште функционални, а завршиле во отпад да се намали.

Контекст

Сè поголемите количества на е-отпад (фрлени електронски уреди), доколку не се отстрануваат правилно претставуваат опасност за животната средина и здравјето бидејќи токсичните супстанци што тие ги содржат доаѓаат во контакт со почвата и се шират преку почвата, подземните и површинските води, како и низ воздухот преку чадот од депониите. Овие ризици особено доаѓаат до израз во областите каде што институциите на системот се кревки, каде што законодавството е нецелосно или застарено, и каде што има слаба заштита на животната средина, што резултира со неадекватно управување со е-отпадот.

Балканскиот регион е една таква област, со супстандардни практики за управување со е-отпадот, пропратени со недоволен и неефективен надзор и имплементација на постојните прописи. Оваа ситуација останува непроменета и покрај аспирациите на владите од регионот за влез во ЕУ, што исто така подразбира имплементација на стандардите на ЕУ за безбедност и заштита на животната средина, врз основа на прописите како што се директивите за отпадна електрична и електронска опрема (Директива 2002/96/ЕЗ) и за забрана на опасни супстанци (Директива 2002/95/ЕЗ).

Со проектот се опфатени; членка на ЕУ (Бугарија), земјите кандидати за членство во ЕУ (Хрватска и Македонија), и една земја со аспирации за членство во ЕУ во иднина (Србија). Затоа сите земји коишто се таргетирани со Акцијата ќе имаат корист од проектот со зголемување на нивната подготвеност за целосно усогласување со законодавството и стандардите на ЕУ. Другите балкански земји со ист статус или аспирации исто така ќе можат индиректно да имаат полза од проектот, а згора на тоа, европската заедница ќе има корист како целина, бидејќи не ќе мора да се справува со проблемите на новите членки во областа на е-управување со отпад откако тие ќе бидат примени во ЕУ.  

Конкретни проблеми

Акцијата ќе биде насочена кон решавање на следниве конкретни проблеми

  • Нискиот капацитет на невладините организации за управување со е-отпад.
  • Граѓаните и носителите на одлуки имаат ниска свест за последиците од несоодветното отстранување на е-отпадот.
  • Недостигот на статистички податоци во врска со е-отпадот.
  • Недостаток на мрежни структури на национално и регионално ниво насочени кон справување со проблеми во областа на е-отпадот.

Целни групи и крајни корисници

Во целните групи и крајните корисници спаѓаат невладини организации, компании, владините институции, медиумите и граѓаните.

Општа цел на Акцијата, времетраење

Општата цел на овој проект е да се подобри законската и институционална рамка, која ќе придонесе за правилно управување со е-отпадот во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија. Акцијата ќе трае 24 месеци.

Активности

Во рамките на Акцијата ќе се спроведуваат следните активности:

  • Спроведување истражувања со цел анализирање на тековната ситуација во секоја земја.
  • Развој на ресурсниот вебсајт на проектот BEWMAN за повторна употреба или рециклирање на компјутерска опрема.
  • Кампања преку социјалните медиуми.
  • Обука на обучувачи: пренос на практични знаења од проектниот партнер од Обединетото Кралство до членовите на регионалната мрежа.
  • Обуки за членовите на граѓанските организации од националните мрежи за застапување.
  • Организирање на јавни настани за подигнување на свеста за е-отпадот.
  • Работилници за размена на знаења.
  • Составување на Водич за управување со е-отпад.
  • Регионална конференција за собирање и презентирање на резултатите од ЕУ и земјите од регионот.

Партнери во Акцијата

Акцијата ќе ја спроведуваат следниве партнери, кои поседуваат индивидуални капацитети што едни со други се надополнуваат:

  • Фондацијата Метаморфозис, којашто има големо искуство во меѓународното вмрежување и креирањето политики, и е врвна тинк-тенк НВО во областа на информатичкото општество во Македонија.
  • Computer Aid International има опширно искуство во повторната употреба на стара компјутерска опрема во светот во развој, третман на е-отпад во Обединетото Кралство, и застапување за правилно управување со е-отпад.
  • ZaMirNET има опширно искуство во креирањето на мрежи и изградба на капацитетите на хрватскиот граѓански сектор за користење на ИКТ за општествена промена.
  • BlueLink има специјализирано во организирање на кампањи и интернет-базирани услуги за заштита на животната средина во Бугарија и во странство.
  • Центарот за развој на граѓанското општество PROTECTA е член на неколку еколошки мрежи, посветен кон градењето на пост-транзициска, економски развиена Србија, со законодавство и политики базирани врз вклучувањето на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Соработници во Акцијата:

  • Bozic i sinovi обезбедува услуги на рециклирање и едукација и е водечка компанија во Србија во овој сектор, којашто соработува и со компании и со невладини организации.

Повеќе информации за активностите на проектот може да се најдат на официјалниот веб-сајт: www.bewman.mk

Поврзани натписи