Бардил Јашари

Bardhyl_JashariБардил Јашари има магистрирано на Факултетот за јавна администрација при Универзитетот Париз 12 (Франција). Дипл. инженер по информатика – насока информатички системи на Универзитетот во Загреб, Факултет за организација и информатика – Вараждин (Хрватска). Во моментот е директор на фондацијата Метаморфозис и ги истражува можностите за развивање партнерства за зголемување на јавниот пристап до информатичката технологија во Македонија и регионот. Претходно има работено како координатор на Програмата за информации на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. На овие две позиции, тој има раководено со проекти за развој на информатичкото општество на национално и меѓународно ниво, во тесна соработка со други меѓународни организации, владини органи, бизнис секторот и невладиниот сектор. Бардил Јашари членува во Националниот совет за информатичко општество на Македонија.

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Бардил

Јашари