mediumski-item-img-1.png

04.11.2010

Барање за понуди: 3 евалуации на влијание на проекти

Фондацијата Метаморфозис објавува повик со барање на понуди од добавувач/и на консултантски услуги: три посебни надворешни евалуации на влијание (external impact assessment)

mediumski-item-img-1.png

31.10.2010

Повик за прибирање понуди за истражување од областа на електронскиот отпад

Фондацијата Метаморфозис објавува повик за прибирање на понуди за истражување чија цел ќе биде да се процени состојбата со електронскиот и електричниот отпад во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија.

mediumski-item-img-1.png

15.10.2010

Конкурс за програмски асистент

Фондацијата Метаморфозис распишува конкурс за отворено работно место Програмски асистент. Потенцијалните кандидати/кандидатки треба да ги исполнуваат следниве услови: ВСС од области поврзани со дејноста на фондацијата Искуство во организирање и држење обуки Одлична вербална и пишана комуникација на македонски и англиски јазик Напредни компјутерски вештини (познавање на апликации за канцелариско работење, ажурирање на веб-сајтови, работа […]

mediumski-item-img-1.png

10.06.2010

Избрани организациите од националната мрежа за застапување при управување со електронски отпад

По објавениот јавен повик за вклучување во национална мрежа, која ќе дејствува и застапува за правилно управување со електронскиот отпад (е-отпад) во Република Македонија, Фондацијата Метаморфозис ги избра организациите кои ќе бидат вклучени и ќе имплементираат дел од активностите од проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со електронски отпад“.

mediumski-item-img-1.png

09.06.2010

Повик за понуди за дизајн – Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Фондацијата Метаморфозис објавува отворен повик до дизајнерски куќи и индивидуални графички дизајнери за барање за понуди за услуга на дизајн на публикации во рамките на проектот Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад, кој е поддржан од Европската Унија.

mediumski-item-img-1.png

20.05.2010

Проект МЕК: Повик за барање на понуди за дизајнерски услуги

Фондацијата Метаморфозис објавува отворен повик до дизајнерски куќи и индивидуални графички дизајнери за барање за понуди за услуга на дизајн на публикации во рамките на проектот МЕК – Модел за ефикасна комуникација меѓу комисиите за односи со заедниците и граѓаните, кој е поддржан од Европската Унија.

mediumski-item-img-1.png

29.04.2010

Оглас за избор на 4 пилот-општини

Проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните “ (МЕК) поддржан од Европската унија објавува ОГЛАСза избор на 4 пилот-општини

mediumski-item-img-1.png

26.04.2010

Јавен повик за вклучување во национална мрежа за застапување при управување со електронски отпад

Фондацијата Метаморфозис објавува повик за организации заинтересирани за вклучување во национална мрежа, која ќе дејствува и застапува за правилно управување со електронскиот отпад (е-отпад) во Република Македонија.

mediumski-item-img-1.png

14.12.2009

Донација од Метаморфозис за Хаклабот „КИКА“

Фондацијата Метаморфозис донираше два персонални компјутери во Хаклабот „КИКА“, кој го води Слободен софтвер Македонија. Хаклабот КИКА (Информации. Култура. Автономија) е реализација на долгогодишната идеја за еден јавен простор – т.н. технолошка автономна зона – кој ќе се занимава со технологијата и нејзиниот пресек со културата, новите медиуми и општеството.

mediumski-item-img-1.png

23.05.2009

Работна посета на регионот Долна Нормандија, Франција

Помеѓу 2 и 6 март 2009 година, тимот на Фондацијата Метаморфозис изврши работна посета на регионот Долна Нормандија, Франција, во рамките на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу овој регион и Република Македонија.

mediumski-item-img-1.png

23.10.2008

Кратко одложување на прогласувањето на победникот на Криејтив комонс конкурсот

Во очекување на последните гласови од членовите на жирито, победникот на Криејтив комонс конкурсот ќе биде објавен со мало задоцнување од неколку дена. 

mediumski-item-img-1.png

09.10.2008

Видео-конференција помеѓу Македонија и Долна Нормандија за дигитални клубови

На 7.10.2008., во просториите на Фондацијата Метаморфозис се одржа видео-конференција во рамките на тригодишниот проект за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија од Франција на која учествуваа претставници на организации кои работат со е-точки кои овозможуваат пристап на интернет за граѓаните од двете земји.