mediumski-item-img-1.png

24.09.2008

Заврши конкурсот Криејтив комонс

Со официјалното завршување на летото, на 23 септември, официјално го затворивме Криејтив комонс конкурсот за избор на најдобра фотографија или видео клип снимени со мобилен телефон.

mediumski-item-img-1.png

07.03.2008

Донација од Метаморфозис за градинката „Палешка“

Фондацијата Метаморфозис донираше персонален компјутер во детската градинка „Палешка“. Децата беа среќни што и во градинка ќе можат да научат нешто повеќе за компјутерите, а вработените во градинката и’ доделија благодарница на фондацијата. Оваа донација на фондацијата Метаморфозис е дел од проектот за рециклирање на употребени компјутери од програмата за е-инклузивност. Метаморфозис ги поканува фирмите и организациите кои имаат компјутери кои не ги користат да се придружат на оваа активност.

mediumski-item-img-1.png

20.02.2008

Донација на книги за Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје

Скопје (20.02.2008) – Фондацијата Метаморфозис донираше поголемо количество списанија и книги во архивата на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, со цел да овозможи поширок пристап на јавноста до оваа граѓа.

mediumski-item-img-1.png

17.10.2007

Отворен дигитален клуб во Прилеп

На 10 октомври во 18.30 часот, во рамките на проектот Дигитални клубови, во Прилепската градска библиотека свечено беше отворен дигитален клуб.

mediumski-item-img-1.png

17.09.2007

Генералното Собрание на ЕДРИ го одобрува тековниот курс

Делегати – претставници на НВОи – членови на ЕДРИ – Европската мрежа за дигитални права (EDRI) учествуваа на Генералното Собрание (ГС) во Берлин на 1 и 2 септември, 2007, разговарајќи за актуелните прашања и севкупното функционирање на асоцијацијата.

mediumski-item-img-1.png

06.07.2007

Конкурс за преведувач и веб-администратор

Фондацијата Метаморфозис објавува конкурс за слободни работни места преведувач и веб-администратор.

mediumski-item-img-1.png

13.06.2007

Конкурс за административно-финансиски асистент

Фондацијата Метаморфозис распишува конкурс за отворено работно место административно-финансиски асистент.

mediumski-item-img-1.png

30.05.2007

Отворени два нови дигитални клуба во општина Чашка

На 23 мај 2007 во Општина Чашка во рамките на проектот дигитални клубови беа отворени два нови дигитални клуба: едниот во населбата Чашка, а другиот во селото Мелница, 10 километри западно од Чашка

mediumski-item-img-1.png

11.04.2007

Метаморфозис стана членка АПЦ

Членството во АПЦ ќе овозможи пристап до разни проекти кои се имплементираат во други држави и кои можат да се реплицираат во Македонија, а со тоа ќе придонесе и за градење на отворено и инклузивно информатичко општество во Македонија

mediumski-item-img-1.png

09.02.2007

Официјален почеток на проектот We-Go

Целта на проектот We-Go е успешно да ги пренесе и прилагоди „Добрите примери и знаења за е-Владеење“ и да овозможи спроведување натамошни проекти вклучувајќи и придружни мерки за зајакнување и унапредување на истражувањата за е-Владеење во земјите од Западен Балкан заедно со партнери од Европската унија

mediumski-item-img-1.png

17.10.2006

Меморандум за разбирање за лиценците за Креативни заеднички содржини

На 17 октомври 2006 година во просториите на Фондацијата „Метаморфозис“ беше потпишан Меморандум за разбирање за заедничка соработка околу лиценците за Креативни заеднички содржини. Меморандумот беше потпишан од претставници на Фондацијата „Метаморфозис“, издавачката куќа „Темплум“ и НВО „Контрапункт“

mediumski-item-img-1.png

14.09.2006

ЦД „Заврши си работа!“ за одбележување на Денот на слободниот софтвер

По повод Денот на слободниот софтвер – 16 септември, Фондацијата „Метаморфозис“ подготви ЦД со слободен софтвер под наслов „Заврши си работа!“