14.01.2016
За граѓаните на Македонија најважно е изборите да бидат фер, слободни и демократски!
До: Еврокомесарот за проширување и соседска политика – Јоханес Хан; Делeгација на Европската унија во Македонија; Пратеници во Европскиот парламент; Раководителот на Сениорската експертска група – Рајнхард Прибе; Мисијата на ОБСЕ во Скопје; Амбасадите на сите држави-членки на ЕУ кои имаат свои претставништва во Македонија; Амбасадата на САД Скопје, 14 јануари 2016 година За […]
19.11.2015
Заедницата Global Voices ги поддржува мароканските поборници за слободно изразување
Заедницата Global Voices бара правда за седум поборници за слободно изразување, кои се соочуваат со судење во Мароко поради нивните залагања и активности. Седумте поборници се залагаа за одбрана на човековите права, од властите бараа да бидат одговорни пред јавноста и да го одржуваат владеењето на правото во земјата.
29.10.2015
ИФЕКС го одбележува 2 ноември со кампања „Не за неказнивоста!“
Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста е клучен момент за подигање на глобалната свест за влијанието на неказнивоста врз слободата на изразување и за мобилизирање акција за правда.
19.10.2015
Ministry of Data со повик за Отворени податоци
Предизвикот е да се развие MIT лиценцирана алатка врз база на отворени податоци, која ќе биде јавно достапна и ќе им помогне на граѓаните подобро да ја надгледуваат работата на владата.
04.08.2015
Граѓанска реaкција: Груевски нема кредибилитет да спроведе попис
Премиерот во оставка, Никола Груевски, во петокот, во Собранието најави дека неговата влада има намера да спроведе попис на населението и дека до крајот на годинава ќе биде набавен софтвер кој ќе овозможи електронско поврзување на матичните евиденции за пописот да биде во најголем дел електронски. Ние, како граѓански организации и активисти кои се залагаме […]
30.07.2015
Резултати од конкурсот за проекти поврзани со отворени податоци
На конкурсот се јавија дванаесет граѓански организации со исто толку проектни идеи, а беа одбрани за финансиска поддршка четири: ИКТ за промени, Коалицијата „Сите за правично судење“, ЗИП институт и ИРРЗА
16.07.2015
ПОВТОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И ДРУГИТЕ НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО И ПОТРАНСПАРЕНТНО ПОСТАПУВАЊЕ
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата уште еднаш упатува повик до Јавното обвинителство за поефикасно и потранспарентно постапување по прашањата кои се однесуваат на наводните злоупотреби, незаконитото постапување, корупцијата и нарушувањето на човековите права кои се наведуваат во прислушуваните телефонски комуникации објавени во изминатите месеци што би придонело за градење на довербата во […]
16.07.2015
Јавен повик за набавка на услуга: Веб апликација за архивирање на медиумски содржини
Фондацијата Метаморфозис објавува јавен повик за набавка на услуга Веб апликација за архивирање на медиумски содржини. Повикот е во рамките на проектот на Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Проектот има за цел да им овозможи на граѓаните на Македонија […]
16.07.2015
Власта создава атмосфера на линч: Пешевски веднаш да поднесе оставка!
Фронтот за слобода на изразување, НВО Инфоцентарот, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Метаморфозис, ЦИВИЛ, Осми Септември, Македонскиот центар за европско образование, Плоштад Слобода, Центарот за современи уметности и ОКНО, изразуваат голема загриженост заради се почестите напади врз новинари, сопственици на медиуми и граѓански активисти кои имаат критички однос спрема власта и нејзините политики. Вчерашниот физички […]
25.06.2015
„Спаси го интернетот“ – кампања за зачувување на неутралноста на интернет
Европската комисија и Советот сакаат да усвојат пропис што ќе им овозможи на интернет-провајдерите (ISP) да прават дискриминација меѓу клиентите и да наплаќаат додатни суми за различни видови интернет-услуги. Метаморфозис се приклучува на кампањата „Спаси го интернетот“ за зачувување на неутралноста на интернет-просторот, која ја спроведуваат повеќе граѓански организации од Европа. Само оние кои плаќаат […]
24.06.2015
Дознајте како брзо и лесно да ги добиете производите Get Genuine преку платформата TechSoup Balkans
Почитувани корисници на платформата TechSoup Balkans, сакаме да ве известиме дека Microsoft го олесни процесот на аплицирање за нарачка на производите Get Genuine преку едноставниот пакет Windows Pro Full Operating System – Get Genuine. Доколку сакате на вашите нови компјутери да го инсталирате оперативниот систем или да го лиценцирате постоечкиот Windows, сè што е потребно […]
04.06.2015
Конкурс за поддршка на проекти поврзани со отворени податоци
Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, кој се спроведува во соработка со Open Knowledge Foundation, а чија цел е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за податоци – Македонија, објавува: К О Н К У Р С За поддршка […]