mediumski-item-img-1.png

28.03.2013

Оглас: Ангажирање на веб-програмер

Фондацијата Метаморфозис распишува конкурс за отворено работно место Програмер, кој ќе работи на развој и одржување на веб-сервиси и веб-сајтови.

mediumski-item-img-1.png

06.03.2013

Оглас: Ангажирање на аналитичари на медиумскиот дискурс

Фондацијата Метаморфозис, за потребите на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е наменета за објавување на новинарски рецензии, анализи и едукативни текстови, објавува оглас за привремено ангажирање на аналитичари на медиумскиот дискурс.

mediumski-item-img-1.png

05.03.2013

Повик за учество во обуки за подобрување на ефикасноста на организациите

Како дел од своите напори за јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за фондации, здруженија на граѓани и други облици на формално и неформално граѓанско здружување за учество во серија на обуки кои ќе придонесат за унапредување на нивните активности и мисија преку користење на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ).

mediumski-item-img-1.png

01.03.2013

Нови анализи на јавните дискурси од Сервисот за проверка на факти во медиумите

Во текот на јануари и февруари 2013 година тимот на Метаморфозис, кој го спроведува проектот Сервис за проверка на факти од медиумите, компонента на Проектот на УСАИД за поддршка на медиумите во Македонија, ја доврши методологијата за работа и почна со објавување редовни колумни врз основа на пристапот критичка анализа на дискурсот од гледна точка на одбраната на човековите права и слободи. 

mediumski-item-img-1.png

15.02.2013

Оглас: Ангажирање на новинари – рецензенти

Фондацијата Метаморфозис, за потребите на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е наменета за објавување на новинарски рецензии, критички анализи на дискурсот и новинарски лекции, објавува оглас за привремено ангажирање на новинари-рецензенти.

mediumski-item-img-1.png

01.02.2013

Оглас: Барање за понуда за дизајн на веб-интерфејс за Сервис на проверка на факти од медиумите

Метаморфозис, во својство на организација која го спроведува Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, објавува оглас за понудувачи за дизајн-решение за интерфејс на веб-сајт, кој е наменет за објавување на новинарски рецензии, критички анализи на дискурсот и новинарски лекции.

mediumski-item-img-1.png

11.09.2012

За приватноста и безбедноста на интернет во Нуклеус на промени

Во 18 епизода на емисијата Нуклеус на промени, која се емитуваше на ТВ Алфа во недела, 09 септември во 17:50 часот, неколку соговорници, меѓу кои и Ирина Шумадиева од Метаморфозис, говореа на темата Безбедност на децата на интернет.

mediumski-item-img-1.png

15.12.2011

Барање за понуда: Евалуација на влијание на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“

Фондацијата Метаморфозис објавува повик со барање на понуди од добавувач на консултантски услуги за евалуација на влијание (external impact assessment) за Проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“ – www.bewman.eu (2010-2011).

mediumski-item-img-1.png

18.08.2011

Пракса за пишување и уредување веб-содржини за Македонија

Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, објавува јавен повик за практиканти кои сакаат да стекнат нови компјутерски вештини за објавување содржини за веб и со тоа да придонесат за збогатување на информациите за својот град на интернет.

mediumski-item-img-1.png

29.12.2010

Барање за понуда: Евалуација на влијание на проектот МЕК

Фондацијата Метаморфозис објавува повик со барање на понуди од добавувач на консултантски услуги за евалуација на влијание (external impact assessment) за Проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните“ – www.mek.mk (2010). Активностите на сите проектот се во тек, а евалуацијата треба да заврши веднаш по нивното затворање, одредено за 22 март 2011 г.

mediumski-item-img-1.png

02.12.2010

Промовирање на нови алатки за лицата со хендикеп

На 02.12.2010 година, во Инфо Центарот во МКЦ, се одржа презентација на Здружението на граѓани „Отворете ги прозорците“, во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“ и Град Скопје. На презентацијата беа промовирани два прирачници, ЦД со прилагодени компјутерски програми и еден асистивен уред- говорна табла за поддршка на комуникацијата кај лица со хендикеп.

mediumski-item-img-1.png

08.11.2010

Донација на опрема за канцелариите на Комисиите за односи меѓу заедниците во 4 општини

До крајот на месец октомври 2010 г. беше довршена активноста на опремување на канцелариите на комисиите за односи меѓу заедниците (КОЗ) во општините опфатени со проектот МЕК: Тетово, Гостивар, Дебар и Чаир. Опремата беше донирана од неколку граѓански организации со цел да се помогне при основањето на канцелариите на КОЗ како средство за поефикасна комуникација со граѓаните.