mediumski-item-img-1.png

24.02.2010

Анализа на домени и политики на приватност на македонските веб-сајтови рецензирани во рубриката „Веб-сајт на денот“

Анализата на присуство на политика на приватност кај рецензираните македонски веб-сајтови за периодот од април 2008 до февруари 2010 година, кои ги објавува Фондацијата Метаморфозис во рубриката „Веб-сајт на денот“ во дневниот весник „Време“, укажува дека само мал број од нив имаат ваков дел.

mediumski-item-img-1.png

01.02.2010

Вкрстено објавување за застапување

Задоволство ние да ви го претставиме вториот водич за 2.0 застапување: Вкрстено објавување за застапување, Вовед во ефективно интегрирање на социјалните медиуми. Овој водич нуди краток вовед во користење на вкрстеното објавување при водење на онлајн кампања за застапување на некоја кауза. Во него се разгледуваат различни веб 2.0 алатки, прикажувајќи успешни примери каде вкрстеното објавување е користено за застапување. Водичот исто така ги содржи предностите и недостатоците на техниката на вкрстено објавување.

mediumski-item-img-1.png

19.03.2009

Прелиминарна анализа на веб-сајтовите на индивидуални кандидати за изборите 2009 (верзија 0.5)

Првата фаза на анализата на Метаморфозис покажува дека 93% од кандидатите за градоначалници не го користат интернет за промоција, а повеќето од оние кои го користат употребуваат мал дел од неговите можности за комуникација со граѓаните.  Скоро сите претседателски кандидати имаат објавено веб-сајтови, при што единствената жена-кандидат за претседател нема сопствен веб-сајт, туку се презентира преку веб-сајтот на политичката партија што ја предлага.

mediumski-item-img-1.png

06.10.2008

Излезе водичот „безбедно на интернет“ за родители и наставници

Излезе петтиот по ред водич на фондацијата Метаморфозис, насловен „безбедно на интернет“, а наменет пред се на родителите, иако корисен и за наставниците во училиштата, како и за новинарите како претставници на медиумите.

mediumski-item-img-1.png

12.12.2007

Публикација: Препораки за стандарди за ИКТ во државната управа

Публикацијата „Препораки за стандарди за ИКТ во државната управа“ беше јавно презентирана во рамките на третата меѓународна конференција „e-Општество.Мк“ која се одржа на 29-ти и 30-ти ноември, 2007г., во Скопје. Пред домашната и меѓународната јавност беа претставени дел од техничките и информатичките стандарди и препорачани политики со цел постигнување на интероперабилност во работењето на државната управа во Македонија.

mediumski-item-img-1.png

03.12.2007

Објавени две нови публикации од проектот Иницијатива за информациска сигурност

Овој месец, фондацијата Метаморфозис објави две изданија во рамките на проектот  “Иницијатива за информациска  сигурност“

mediumski-item-img-1.png

19.07.2007

Македонија: 88% од кандидатите за државни службеници се пријавуваат преку интернет

Во текот на мај и јуни 2007 година, Фондацијата Метаморфозис спроведе истражување за веб-сајтот Пријава преку интернет на Агенцијата за државни службеници. Целта на истражувањето беше да се дознае мислењето и искуството на кандидатите за работни места на државни службеници за апликацијата која овозможува пријавување на конкурсите преку интернет.

mediumski-item-img-1.png

20.06.2007

Објавени македонските лиценци Криејтив комонс

Г. Џои Ито, претседавач на Криејтив комонс, на 19 јуни 2007 година во Скопје, ја промовираше македонската верзија на светски познатите лиценци кои овозможуваат ширење на слободна култура. Со прилагодувањето на лиценците на нејзиниот правен систем Македонија стана 38 земја-членка на семејството на Криејтив комонс.

mediumski-item-img-1.png

28.02.2007

Заклучоци од трибината на тема „Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија“

Од трибината произлегоа следните заклучоци

mediumski-item-img-1.png

22.01.2007

Книгата за ОпенОфис.орг е достапна во книжарниците

Од овој месец, книгата „OpenOffice.org – Упатство за користење" во издание на Фондацијата Метаморфозис може да се купи во книжарниците ТРИ, Табернакул, Александрија и Точка во Скопје.

mediumski-item-img-1.png

03.11.2006

Презентации на базите на научни трудови и електронски ресурси достапни преку eIFL

Во периодот од 23 до 31.10.2006 г. на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржаа презентации на базите на научни трудови и електронски ресурси достапни преку фондацијата „Електронски информации за библиотеки – eIFL“.

mediumski-item-img-1.png

18.10.2006

Излезе вториот број на е-билтенот на Метаморфозис

На 17 октомври 2006 година излезе вториот број на е-билтенот на Фондацијата Метаморфозис. Во е-билтенот покрај стандардните вести за ИКТ од Македонија и од светот и за активностите на Метаморфозис, поместени се и два авторски текстови за работата на е-рајдерите и за конвертирање на текстови во кирилична поддршка. Првиот број на е-билтенот беше дистрибуиран до 238 адреси за електронска пошта и наиде на позитивен прием од страна на читателите. Кликнете на повеќе за некои од нивните коментари