mediumski-item-img-1.png

26.09.2011

Електроника и е-отпад: Водич за лобирање и застапување

Во рамките на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“ го објавуваме водичот „Електроника и е-отпад: Водич за лобирање и застапување“.

mediumski-item-img-1.png

31.08.2011

Издаден прирачник за користење на Вики-сајтови

Во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија се издаде Прирачник за Вики кој ќе служи како помошна алатка во процесот на збогатување на содржините за општините во Македонија.

mediumski-item-img-1.png

15.06.2011

Првата археолошка електронска монографија под Криејтив комонс

„Античкиот град на Исар – Марвинци кај Валандово“, е дело на првиот дипломиран археолог во Македонија, д-р Викторија Соколовска, електронски објавено под Криејтив комонс лиценца, кое вчера беше промовирано во НВО инфоцентарот.

mediumski-item-img-1.png

14.06.2011

МЕК: Отворен ден и промоција на „Прирачник за комисиите за односи помеѓу заедниците„

На 16 и 17 јуни во пилот општините Чаир, Дебар и Гостивар ќе се одржи „отворен ден“ и промоција на Прирачник за комисиите за односи помеѓу заедниците.

mediumski-item-img-1.png

01.04.2011

Промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ на Координативната средба за е-трговија

На 1 април 2011 г. во Клубот на државни служби во Скопје беше одр жана промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ во рамките на Координативната средба за е-трговија, пред за претставници на е-продавници, процесори на наплати, банки и други чинители од областа на е-трговија.

mediumski-item-img-1.png

30.03.2011

Промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ пред претставници на државните институции

На 30 март 2011 г. во Клубот на државни органи во Скопје беше одржана промоција на Водичот за ИКТ на Метаморфозис бр. 6, „Како до политика за приватност?“ изработен во соработка со Дирекцијата за лични податоци во рамките на проектот Иницијатива за приватност на интернет.

mediumski-item-img-1.png

30.12.2010

Извештај: Функционалност на општинските веб-сајтови како средство за објавување информации

Во извештајот „Функционалност на општинските веб-сајтови како средство за објавување информации“на, издаден на 26.10.2010 година, беше извршена анализа на функционалноста на веб-сајтовите на единиците на локална самоуправа. Истражувањето беше поттикнато од прашањето на пратеникот г. Васко Шутаров поставено на надзорната расправа за законот за слободен пристап до информации од јавен карактер одржана во Собранието на РМ на 21.10.2010.

mediumski-item-img-1.png

30.12.2010

Извештај за Употребата на компјутерите во образовниот систем на Република Македонија

Во јуни 2010 година Фондацијата Метаморфозис го издаде извештајот на тема „Употребата на компјутерите во образовниот систем во Р.М.“. Истиот е изработен од Ipsos Strategic Puls како резултат на истражувањето реализирано од 19 – 30 мај 2010 година со кое беа опфатени неколку теми кои се однесуваат на изворите на информирање, користење на компјутерите и интернетот во домаќинствата и училиштата, како и, информираноста и ставовите на јавноста за проектот „Компјутер за секое дете“.  Податоците се прибрани по пат на телефонска анкета во домаќинствата на испитаниците на возраст од 10-65 години.

mediumski-item-img-1.png

07.10.2010

Процесот на компјутеризација на образовниот систем – нетранспарентен и со недостатоци

Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Фондацијата за одржливи информатички решенија „Метаморфозис“, на 6 октомври го претставија извештајот од истражувањето „Употребата на компјутери и интернет во образовниот систем на Република Македонија“.

mediumski-item-img-1.png

13.07.2010

Дистрибуција на стрип-албумот за приватноста „Под надзор“ (на англиски јазик)

Членовите на Пинг.мк имаат прилика да се пријават да добијат бесплатен примерок од стрип-албумот за приватноста „Под надзор“ (на англиски јазик) издаден од асоцијацијата ЕДРИ – Европски дигитални права чиј член е Фондацијата Метаморфозис. Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Полесно до приватност на интернет“.

mediumski-item-img-1.png

04.06.2010

Објавен нацрт-извештајот „Приватноста на интернет во Македонија за 2009 г.“

Фондацијата Метаморфозис на 4 јуни го објави нацрт-извештајот за приватноста на интернет во Македонија во 2009 година.

mediumski-item-img-1.png

14.04.2010

Објавен прирачник за пристапни опции во Едубунту

Фондацијата Метаморфозис во соработка со „Отворете ги прозорците“ и Слободен Софтвер Македонија го издаде прирачникот – „Како да го направите компјутерот полесен за употреба – пристапни опции во Edubuntu LINUX“.