mediumski-item-img-1.png

09.03.2015

Видео: Зошто се важни отворените образовни ресурси?

По повод Недела на отворено образование 2015, која се одржува во периодот 9 – 15 март 2015 година, го споделуваме овој видео запис направен од Алијансата за отворени образовни ресурси, во кој наставници и ученици одговараат на прашањето: Зошто се важни отворените образовни ресурси?

mediumski-item-img-1.png

04.11.2013

Едукативни факти преточени во 27 цртежи

На 21 и 22 октомври, 20-тина деца на две едукативни ликовни работилници организирани од Метаморфозис, за време на фестивалот за млади „Џифони Македонија“, илустрираа пораки со интересни едукативни факти, користејќи темперни бои и фломастери. Ви ги претставуваме цртежите на овие талентирани деца. Истите во целосна големина, се достапни тука.

mediumski-item-img-1.png

12.03.2013

Видео туторијали за мултимедија и социјални медиуми наменети за новинари

Во рамките на проектот Обуки за новинари, фондацијата Метаморфозис изработи 8 видео туторијали со цел зголемување на знаењата и вештините на новинарите во насока на нивна адаптација на актуелните потреби и трендови во новинарството.

mediumski-item-img-1.png

07.03.2013

Ново анимирано видео за македонските пари

Анимираното видео „Денари“ е најновото и последно издание од серијалот на кратки анимирани видеа изработени во рамките на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“. Како и претходните две, „Брзина на звук“ кое беше инспирирано од областа на физиката и „Правопис“ инспирирано од честите правописни грешки, и во ова видео се претставени едукативни факти, овој пат поврзани со македонските пари.

mediumski-item-img-1.png

21.11.2012

Второ кратко анимирано видео кое нè учи на отворено споделување на знаењето

Минатата недела, на меѓународната конференција е-Општество.мк беше промовирано второто од серијата кратки анимирани видеа за промоција на концептот отворени образовни ресурси и споделување на знаењето.

mediumski-item-img-1.png

01.11.2012

Излезе анимирано видео за промоција на отворени образовни ресурси

Како најново збогатување на ресурсите изработени во рамките на проектот Отворени образовни ресурси, е првото видео наречено „Брзина на звук“. Видеото е достапно на македонски и на албански јазик, а претставува кратка анимирана приказна, во која се илустрираат интересни факти за брзината на звукот.

mediumski-item-img-1.png

30.08.2012

Мултимедијални содржини за безбедност и приватност на децата на интернет достапни на 5 јазици

Во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, се направи јазична адаптација на мултимедијалните ресурси за едукација и подигнување на свеста на децата во врска со потенцијалните опасности на интернет.

mediumski-item-img-1.png

30.08.2012

Краток анимиран филм за сајбернасилство

Анимираниот филм „Силеџија“ зборува за честата појава на заплашување меѓу младите со користење на мобилни телефони и интернет.

mediumski-item-img-1.png

27.02.2012

Инфографик: Е-Отпад на Балканот

Отпадот од електрична и електронска опрема претставува закана за животната средина. Истражувањата кои се направени со цел да се одредат количествата и состојбата со раководење на е-отпадот на Балканот покажуваат дека и овој регион има значителен проблем со правилно раководење и заштита на животната средина. Следува инфографик со резултати од овие истражувања, како и неколку факти и совети за раководење со е-отпад.

mediumski-item-img-1.png

14.06.2011

Проекција на кратки едукативни филмови низ Македонија

Во текот на изминатите две недели, во неколку градови низ Македонија, се одржаа проекции на кратките едукативни филмови кои ги изработија Детскиот Театарски Центар и Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“.

mediumski-item-img-1.png

28.05.2011

Промоција на кратки едукативни филмови

На 30 мај, со почеток во 10 часот, во просториите на НВО Инфоцентар во Скопје ќе се одржи конференција за печат на која ќе се претстават активностите во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ на Фондацијата Метаморфозис.

mediumski-item-img-1.png

25.01.2011

Спроведена обуката за анимирање, изработување карикатури и цртани филмови

Обуката за анимација, изработка на карикатури и цртани филмови која траеше два дена (21 и 22 јануари) заврши успешно со присуство на 10 учесници. Во улога на обучувачи беа тројца аниматори од неколку јавни точки за пристап до дигитални технологии во Долна Нормандија. Двата дена од обуката се работеше на различни техники. Првиот ден се […]