04.09.2023
Одржан настан за вмрежување, координација и дискусија на ACTION SEE
Од 23-ти до 25-ти август 2023 година, се одржа настан за вмрежување на ACTION SEE мрежата. Настанот имаше за цел да им овозможи простор за дискусија и координација на членките на ACTION SEE мрежата. Претставници од Open Data Kosovo, Partneri za demokratske promene Srbija, Mjaft! од Албанија, Zasto ne од Босна и Херцеговина, CDT од […]
14.08.2023
Гостување на Метаморфозис во емисијата „Здраво Македонијo“
Весна Радиновска, проектен координатор во Фондација Метаморфозис, денес гостуваше во емисијата „Здраво Македонијо“ што се емитува на Канал 5. Весна зборуваше за навиките кои можат да нè направат мета на измами на интернет, каде можеме да се обратиме ако нашите лични податоци се злоупотребени и што можеме да направиме за да бидеме побезбедни на интернет. […]
07.07.2023
Одржан состанок со Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска
На 6 јули 2023 година, дел од работната група за подготовка на новата Стратегија за транспарентност со акциски план (2023-2026), одржа состанок со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. На средбата беше разгледана нацрт верзијата на Стратегијата за транспарентност, чија цел е воведување на нови мерки со цел градење култура на транспарентност […]
05.07.2023
Учество на 10-та меѓународна конференција за одржливо управување со цврст отпад
Претставник на мрежата ACTION SEE учествуваше на 10-та меѓународна конференција за одржливо управување со цврст отпад што се одржа на Крит во периодот 21-24 јуни 2023 година. Бојана Вујучиќ од Фондација Дивац учествуваше на конференцијата и претстави свој авторски труд за состојбата со управувањето со цврст отпад во Србија. Конференцијата имаше за цел да го […]
05.07.2023
Учество на меѓународната научна конференција „Социјални девијации“
Претставници на ACTION SEE мрежата учествуваа на VIII меѓународна научна конференција „Социјални девијации“ што во периодот 23-24 јуни 2023 година се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Темата на овогодинешната конференција беше Право на здравје и образование: универзални човекови права. Универзалната декларација за човекови права зборува за две универзални човекови права – правото на […]
05.07.2023
Одржана трета работилница на ACTION SEE мрежата
ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа за институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа) е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владите во регионот на Југоисточна Европа, зголемувајќи го потенцијалот за граѓански активизам и граѓанско учество, промовирање и заштита на човековите права и слободи на интернет […]
23.06.2023
Одржан настан „Усогласување на електронските услуги со Законот за заштита на лични податоци“
На 23.06.2023 година, во хотелот Солун во Скопје, се одржа настанот „Усогласување на електронските услуги со Законот за заштита на лични податоци“. Настанот го модерираше Мила Јосифовска Даниловска, програмски менаџер во Метаморфозис, а се обратија: Весна Радиновска, проектен координатор во Фондација Метаморфозис; Ирина Хаџи Митова, проектен координатор во Здружение Конект и Ѓорѓи Рајчиноски, експерт за […]
21.06.2023
Борбата против дезинформации бара партнерство меѓу институциите и граѓанското општество
Електронските дезинформации се шират и никој не е имун на нив. Тие се закана за општествата. Борбата против дезинформациите бара партнерство меѓу институциите и граѓанското општество. Oва беше истакнато на отварањето на конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“, која ја организираат Претседателскиот центар за политичко образование и Фондацијата […]
20.06.2023
Покана за настан „Усогласување на електронските услуги со Законот за заштита на лични податоци“ [Хотел Солун, 23.06.2023]
Фондација Метаморфозис со задоволство ве поканува на презентацијата „Усогласување на електронските услуги со Законот за заштита на лични податоци“ што ќе се одржи во петок, на 23.06.2023 г., во хотел Солун, во Скопје, со почеток во 12 часот. Учесниците на овој настан ќе имаат можност одблизу да се запознаат со резултатите и препораките од четвртото […]
09.06.2023
Одржана дводневна средба на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност
Работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност одржа дводневна работна средба на 7 и 8 јуни 2023 година. Цел на средбата која се одржа во Скопје беше да се разгледаат поставените приоритети во предложениот нацрт – план на Стратегијата за транспарентност и да се изготви нацрт – Акциски план за спроведување на Стратегијата. Петнаесетина […]
05.06.2023
Учество на конференција за зелени злосторства и екоправда
Како дел од проектот ACTION SEE, седум претставници на граѓански организации од Балканот присуствуваа на годишната „Конференција за зелени злосторства и екоправда“ што во периодот 24-25 мај 2023 година се одржа на Универзитетот во Утрехт, Холандија. Поддржани претставници на граѓански организации од Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина учествуваат на […]
05.06.2023
Учество на Глобалниот форум за антикорупција и интегритет на ОЕЦД
Глобалниот форум за антикорупција и интегритет на ОЕЦД за 2023 година се одржа во периодот 24-25.5.2023 г., во Париз, Франција. Како претставник на Фондација Метаморфозис, а во рамките на ACTION SEE проектот, на форумот учествуваше Маријана Јанческа. Поддржани од ACTION SEE проектот, на форумот зедоа учество Маја Миликиќ од невладината организација ЦЕМИ и Богдан Пиповиќ […]