mediumski-item-img-1.png

27.04.2012

Одржани вики-маратони во Велес и Дебар

Во рамките на проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, фондацијата Метаморфозис во соработка со локалните партнери Фондација Фокус од Велес и Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар, кон крајот на месец април организираше 2 вики-маратони. Целта на овие настани е да се промовира вики-технологијата како средство за споделување информации од локално значење во повеќе општини во Република Македонија и да се подигне свеста за активно граѓанско учество преку користење на  новите технологии.

mediumski-item-img-1.png

27.04.2012

Одржани 5 дебати на тема Социјални медиуми за демократија на универзитетите во Македонија

Во текот на месец април, во рамките на проектот Социјални медиуми за демократија, Метаморфозис во соработка со универзитетите од Република Македонија одржа 5 дебати на оваа тема. Дебатите се одржаа во Скопје на Европскиот Универзитет, Универзитетот ФОН и Универзитетот за туризам и менаџмент, како и во Штип на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на Државниот Универзитет во Тетово.

mediumski-item-img-1.png

24.04.2012

Македонија: Одржано предавање за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, на 18 април, 2012 година, претставник на Метаморфозис одржа презентација во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот.

mediumski-item-img-1.png

18.04.2012

Најава: Предавање за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, на 18 април, 2012 година, претставник на Метаморфозис ќе одржи презентација во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот.

mediumski-item-img-1.png

17.04.2012

Одржана дебата „Социјални медиуми за демократија“ на универзитетот ФОН

Денес, 17 април, со почеток во 11 часот, во просториите на универзитетот ФОН во Скопје се одржа дебата на тема: Социјални медиуми за демократија. На дебатата беа присутни околу 25 студенти од политички, правни, економски и информациско-комуникациски науки од универзитетот.

mediumski-item-img-1.png

09.04.2012

Дебата „Социјални медиуми за демократија“ на Европскиот Универзитет во Скопје

Утре, 10 април, со почеток во 11 часот, во просториите на Европскиот Универзитет во Скопје ќе се одржи дебата на тема: Социјални медиуми за демократија. Модератори ќе бидат претставници од Метаморфозис, а целта на дебатата е да се поттикнат младите на активно учество преку дискусија со актуелни примери поврзани на оваа тема.

mediumski-item-img-1.png

07.03.2012

Одржана презентација на Глобал војсис на конференцијата Ингејџ (ENGAGE)

Тимот на Метаморфозис одржа презентација на активностите на мрежата Глобал војсис на конференцијата за социјални медиуми и активизам Ингејџ (ENGAGE) во Скопје на 25 февруари 2012 г.

mediumski-item-img-1.png

27.02.2012

Одржано предавање за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, на 25 февруари, 2012 година, претставник на Метаморфозис одржа презентација во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот.

mediumski-item-img-1.png

24.02.2012

Презентација на Mетаморфозис на првата конференција за друштвени медиуми и активизам во Македонија – ENGAGE

Во рамки на конференцијата ENGAGE што ќе се одржи на 25.02.2012 во киното Фросина (МКЦ), претставникот од Метаморфозис, г. Филип Стојановски ќе одржи презентација за мрежата Глобал Војсис: „Глобал Војсис Онлајн – Меѓународна комуникација овозможена од волонтери“ (17:15 – 17:30). Ќе има директен пренос на презентациите од конференцијата на интернет. Хаштаг на твитер: #engagemk

mediumski-item-img-1.png

19.02.2012

Метаморфозис на конференцијата POINT во Сараево

Од 16 до 18 февруари годинава, во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа конференцијата POINT (Политичка одговорност и нови технологии). Оваа регионална конференција ја организираше Граѓанското здружение Зошто не (Zašto ne) од Босна и Херцеговина во соработка со CRTA од Србија и Метаморфозис од Македонија.

mediumski-item-img-1.png

27.12.2011

Одржано предавање за политики на приватност за студентите по е-бизнис на Универзитетот Американ колеџ Скопје

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на интернет, програмскиот координатор на Метаморфозис, г. Филип Стојановски на 23 декември, 2011 г. одржа предавање за политики на приватност за студентите на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

mediumski-item-img-1.png

16.12.2011

Отворени денови за поддршка при употреба на нови технологии во Метаморфозис

Фондацијата Метаморфозис започнува со серија настани наменети за сите претставници на невладиниот сектор, независни активисти, блогери, медиуми и други заинтересирани лица за поддршка при користење информациско-комуникациски алатки во разни области и за разни цели.