mediumski-item-img-1.png

05.06.2023

Учество на меѓународна конференција за соларни технологии

Маријана Јанческа од Фондација Метаморфозис, заедно со Ана Чоловиќ Лешоска од организацијата Еко свест, од 25 до 28 април 2023 година, учествуваа на 4-та меѓународна конференција за соларни технологии и хибридни мини мрежи за подобрување на енергетскиот пристап. Конференцијата се одржа во Универзитетот во Палма де Мајорка и имаше цел да овозможи размена меѓу практичари […]

mediumski-item-img-1.png

30.05.2023

Одржана средба на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност

Работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност одржа средба на 29 мај 2023 година, во просториите на Владата на Република Северна Македонија. На средбата, претставниците на граѓанскиот сектор и државните институции, заедно со ангажираните експертки Ирена Бојаџиевска и Наталија Шикова, го разгледаа предложениот нацрт – план на Стратегијата за транспарентност и дискутираа за приоритетните […]

mediumski-item-img-1.png

17.05.2023

Јавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Oбјавен e Јавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година. Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година, на седницата одржана на 17.5.2023 година утврди Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и […]

mediumski-item-img-1.png

24.04.2023

Започна процесот на подготовка на Стратегија за транспарентност на Владата со Акциски план (2023–2026 )

Вториот состанок на работната група за изготвување на Стратегијата за транспарентност се одржа на 13.4.2023 година, во просториите на Владата на Република Северна Македонија. Фондација Метаморфозис активно соработува со Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, и во процесот на подготовка на Стратегијата за транспарентност, обезбедува експертска и финансиска помош. На средбата присуствуваа […]

mediumski-item-img-1.png

12.04.2023

Одржана првата средба на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност

На 7.4.2023 година, во просториите на Владата на Република Северна Македонија, се одржа првиот состанок на работната група за изготвување на Стратегијата за транспарентност. На состанокот беа поканети претставници од засегнати страни кои дејствуваат и можат да ја понудат својата експертиза во полето на транспарентноста и отвореноста. Покрај претставници од граѓанското општество, присуствуваа претставници на […]

mediumski-item-img-1.png

07.04.2023

Средба на Работната група за подготовка на предлог-Закон за користење на податоците од јавниот сектор

На 6 април 2023 година се одржа нова средба на Работната група за подготовка на предлог- Законот за користење на податоците од јавниот сектор. Работната група е дел од активностите што Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, ги спроведува за усогласување на Законот за користење […]

mediumski-item-img-1.png

03.04.2023

Учество на Фондација Метаморфозис на дискусијата „Заштита на приватноста на младите на интернет”

Фондација Метаморфозис беше дел од дискусијата „Заштита на приватноста на младите на интернет“ организирана од иницијативата SafeGen, со поддршка од Младите можат. Овој настан се одржа на 30-ти март, во просториите на Europe House во Скопје. Во својство на говорници на дискусијата се појавија Бојан Кордалов, комуниколог и претставник на Институтот за добро управување и […]

mediumski-item-img-1.png

13.03.2023

Индекс на отвореност: Во тек е седмиот бран на мерења на отвореноста на извршната и законодавната власт

Мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа со поддршка на Национален фонд за демократија преку проектот Using New Media to Promote Government Transparency, започна седмиот бран на мерења на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот (Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна […]

mediumski-item-img-1.png

03.03.2023

Одржана втора работилница на ACTION SEE мрежата

ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа за институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа) е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владите во регионот на Југоисточна Европа, зголемувајќи го потенцијалот за граѓански активизам и граѓанско учество, промовирање и заштита на човековите права и слободи на интернет […]

mediumski-item-img-1.png

14.02.2023

Фондацијата Метаморфозис потпиша меморандум за соработка со Кабинетот на Претседателот

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис денеска потпиша меморандум за соработка со Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Извршниот директор на фондацијата, Бардил Јашари го потпиша меморандумот за соработка за поддршка на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование со Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски. „Соработката со Претседателскиот центар […]

mediumski-item-img-1.png

13.02.2023

Метаморфозис со поддршка на процесот за креирање на Стратегија на транспарентност на Владата ќе придонесе во унапредување на процесот на транспарентност на Владата и институциите

Извршниот директор на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Бардил Јашари, и Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, потпишаа Меморандум за соработка, со цел подготовка на нова Стратегија за Транспаретност на Владата на Република Северна Македонија, која ќе придонесе кон подобрување на транспарентноста и […]

mediumski-item-img-1.png

10.02.2023

Потпишување договор со Агенцијата за заштита на лични податоци

Денес, во просториите на Агенцијата за заштита на лични податоци, беше потпишан договор помеѓу Фондација Метаморфозис и АЗЛП. Со овој договор се уредува пренос на едукативна веб-страница која ќе се развие во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, спроведуван од Метаморфозис и Конект, а поддржан од […]