mediumski-item-img-1.png

06.06.2014

Одржана презентација за политики за приватност на е-продавници

На 29 мај, во просториите на Метаморфозис се одржа презентација за воспоставување политики за приватност на веб-сајтови за е-продажба, на која присуствуваа 9 учесници. Претставник од Метаморфозис беше гостин на обуката организирана од „Ексквизит“, со цел поттикнување на самовработувањето и развој на претприемачкиот дух. Презентацијата претставуваше водич за пишување политика за приватност, а учесниците се […]

mediumski-item-img-1.png

05.06.2014

Конференција за презентација на истражување во рамки на проектот „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество“

На 17 јуни, со почеток во 11:00 часот, во ЕУ Инфо Центарот, ќе се одржи конференција на Фондацијата Метаморфозис чија цел е презентација на финалните наоди од истражувањето на гов.мк веб-локациите во рамките на проектот „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество“. Целта на истражувањето е утврдување на квалитетот […]

mediumski-item-img-1.png

05.06.2014

Одржана работна средба за стратегија за работа со отворени образовни ресурси

На 3 јуни 2014 година, Метаморфозис и Алијасата за отворени образовни ресурси на Македонија одржаа работна средба на тема: Стратегија и план за работа со отворени образовни ресурси (ООР). Средбата се одржа во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје, а присуствуваа 13 претставници на образовни институции, НВО и индивудуалци кои воедно се и […]

mediumski-item-img-1.png

02.06.2014

Најава за работна средба на тема: Стратегија и план за работа со ООР

На 03.06.2014 (вторник), 11:00 – 14:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Национална и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе се одржи работна средба на тема: Стратегија и план за работа со ООР. На работната средба, организирана од Метаморфозис и Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија, на која ќе присуствуваат […]

mediumski-item-img-1.png

28.05.2014

Национална конференција за промовирање на активностите против говор на омраза

Национална конференција за промовирање на активностите против говор на омраза ќе се одржи во петок (30.05.2014) во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза.Настанот е организиран од Националниот комитет против говор на омраза, a поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје со цел претставување на активностите и ресурсите на сите национални институции и организации против говорот на омраза […]

mediumski-item-img-1.png

28.04.2014

Се одржа Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот во Косово

Microsoft заедно со Фондацијата Метаморфозис, а во соработка со невладината организација ЛЕНС, во Приштина организираа настан посветен на користењето на технологијата од страна на невладините организации во Косово. Настанот го отвори Мерџан Емини – веб-програмер во Фондацијата Метаморфозис, прикажувајќи ги многуте можности што им стојат на располагање на невладините организации зависно од нивниот профил, и […]

mediumski-item-img-1.png

25.03.2014

Се одржа Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот

На 20 март, во организација на локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија заедно со Фондацијата Метаморфозис, се одржа Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот. Настанот го проследија 120 присутни претставници на граѓанскиот сектор кои се информираа како да ги подобрат своите ИКТ вештини, како и за употребата и можностите кои ги нуди Мајкрософт преку програмата […]

mediumski-item-img-1.png

18.03.2014

Работилница за политикa за отворени образовни ресурси во Варшава, Полска

На 18 и 19 март 2014, во Варшава, Полска, во организација на Centrum Cyfrowe, во соработка со Криејтив комонс и SPARC, поддржана од Фондациите Отворено општество, се одржува меѓународна работилница за политикa за отворени образовни ресурси. На настанот, кој е дел од Недела на отворено образование, присуствуваат активисти за отворено образование, експерти и креатори на […]

mediumski-item-img-1.png

12.03.2014

Најава: Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“

Извештај од настанот, презентации и фотографии, може да погледнете на следниот линк.Локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија заедно со Фондацијата Метаморфозис го организираат денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“. Настанот ќе се одржи на 20 март во просториите на Скопски саем, Дипломатик сала со почеток од 10 часот. Денот на Мајкрософт […]

mediumski-item-img-1.png

10.03.2014

Трета година по ред – Недела на отворено образование

Неделата на отворено образование претставува серија на настани за подигање на свеста за движењето за отворено образование. Третата годишна Недела на отворено образование се случува од 10 до 15 март, онлајн и офлајн низ целиот свет.Целта на настаните и ресурсите е да се опфатат што е можно повеќе луѓе за да се покажат можностите кои […]

mediumski-item-img-1.png

03.03.2014

Трибина: Млади и медиуми – како до заеднички интереси?

Фондација Метаморфозис и Младински образовен форум (МОФ) ве канат на презентација и дискусија на резултати од истражување, во форма на трибина, во рамки на регионалната иницијатива „Млади и медиуми во Југоисточна Европа“. Трибината ќе се одржи на 5ти март (среда), 12:00 часот, во Клуб на новинари во Скопје. Презентација на резултатите од истражувањето ќе обезбедат […]

mediumski-item-img-1.png

24.02.2014

Се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“

На 20 февруари, со почеток во 19:00 часот, се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“ на проф. д-р Никос Чаусидис. На настанот во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, а поддржан од Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија, присуствуваа […]