mediumski-item-img-1.png

12.12.2012

Се одржува едукативен и филмски фестивал за деца

Од 14 до 16 декември во Домот на АРМ се одржува едукативен и филмски фестивал за деца „Наш Мал Фестивал“, а истиот е наменет за ученици од 9 до 12-годишна возраст. Во првата година од својата реализација предвидени се организирани посети на околу 1000 ученици од неколку општини од Република Македонија, но е со тенденција да прерасне во традиционална манифестација која ќе ги опфаќа сите деца од државата.

mediumski-item-img-1.png

30.10.2012

Осма меѓународна конференција е-Општество.мк

Метаморфозис и во 2012 продолжува со одржување на традиционалната конференција е-Општество.мк. Oсмата меѓународна конференција е-Општество.мк, оваа година ќе биде на темата: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“, а ќе се одржи на 14 и 15 ноември во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Македонија.

mediumski-item-img-1.png

22.10.2012

Одржани два вики-маратони во Скопје

На 18 и 19 октомври, со почеток во 10 часот, во просториите на Метаморфозис, се одржаа 2 вики-маратони. Овој пат, на маратоните учествуваа вкупно 14 учесници од Институтите за историја, археологија и архивистика при Филолошкиот факултет во Скопје.

mediumski-item-img-1.png

18.10.2012

Одржана презентација за политики за приватност за претприемачи

На 16 октомври, со почеток во 12 часот, во просториите на Јес инкубаторот, како дел од обуката организирана од „Ексквизит“, претставник од Метаморфозис одржа презентација за воспоставување политики за приватност на веб-сајтови за е-продажба, на која присуствуваа 18 студенти и невработени лица.

mediumski-item-img-1.png

04.10.2012

Работилница за градење капацитети и користење на новите медиуми за застапување

Од 7 до 10 октомври, во Хотел Гарден во Охрид ќе се одржи регионална работилница за градење на капацитет и користење на новите медиуми за застапување, на која ќе учествуваат членовите на Балканската мрежа за застапување при управување со е-отпад од Македонија и претставници на регионот.

mediumski-item-img-1.png

16.09.2012

Се одржаа две предавања за политики за приватност за претприемачи

На 30 август, а потоа на 11 септември, се одржаа две предавања за политики за приватност за претприемачи во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот. Целта на предавањата, одржани од Метаморфозис, е да се подигне свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи.

mediumski-item-img-1.png

11.09.2012

Проектите за приватност и за отворени образовни ресурси презентирани во Приштина

На четиридневната конференција за слободен софтвер и сродни трендови во сферата на знаењето, која се одржа 7-10 септември во Приштина, Косово, претставник од Метаморфозис ги претстави иницијативите за отвореност на науката и образованието кои се преземаат во Македонија, како и актуелните предизвици во полето на заштита на приватноста на интернет.

mediumski-item-img-1.png

05.07.2012

Oдржанa презентација за политики за приватност за студенти и невработени

На 5 јули, со почеток во 12 часот, во просториите на Јес инкубаторот беше одржана презентација за воспоставување политики за приватност на веб-сајтови за е-продажба, на која присуствуваа 20-тина студенти и невработени лица.

mediumski-item-img-1.png

07.06.2012

Координативна средба за проектот Отворени образовни ресурси

На 31 мај во просториите на „Метаморфозис“ се одржа координативна средба на група стручни лица, наставници, професори и активисти на полето на образованието и новите медиуми.  На средбата беа презентирани целите и плановите на проектот „Отворени образовни ресурси“ чиј носител е фондацијата „Метаморфозис“ и беа дискутирани можности за соработка, како и подобро поврзување на сите активни чинители на ова поле.

mediumski-item-img-1.png

07.06.2012

Презентација за Отворени образовни ресурси пред студентите на ФИНКИ

На 29 мај 2012 беше одржана презентација за „Отворени образовни ресурси“ (ООР) пред студентите на „Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство“ (ФИНКИ).

mediumski-item-img-1.png

18.05.2012

4 работилници – отворени штандови на „Слобода и приватност на интернет“

За време на меѓународната конференција на тема „Слобода и приватност на интернет“, која ќе се одржи на 21 – 22 мај, во Сити Хол, Скопје, посетителите, освен што ќе имаат прилика да ги проследат презентациите на околу 35 говорници, тие ќе имаат шанса да се вклучат и во отворените работилници на 4 теми, каде ќе може да се информираат и да добијат совети за:

mediumski-item-img-1.png

10.05.2012

Одржани уште два вики-маратони во Дебар и Велес

По маратоните кои се одржаа кон крајот на април 2012, вики маратонците имаа уште една средба. Имено, на 4 мај во Дебар и 9 мај во Велес, се одржаа уште две вики дружења каде присутни беа вкупно 28 учесници.