mediumski-item-img-1.png

06.12.2011

Одржани две предавања за политики за приватност за претприемачи

Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, во текот на есента 2011 тимот на Метаморфозис  одржа две презентации во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот.

mediumski-item-img-1.png

30.11.2011

Одржана Седмата меѓународна конференција е-Општество.Мк 2011

Заврши седмата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „ИКТ и животната средина: Приказна за отпадот“. Конференцијата обезбеди простор за собирање на претставниците на институции и организации кои работат на развој на информатичко општество и неговото влијание врз животната средина, поконкретно на еколошките ИТ решенија и е-отпадот (отпад од електрични и електронски уреди).

mediumski-item-img-1.png

30.11.2011

Jавна трибина: „Кампања наспроти високи казни за поголема еко свест“

На 29.11.2011 година, во ЕУ инфо центарот, се одржа јавна трибина на тема „Кампања наспроти високи казни за поголема еко свест“. Трибината беше организирана од Младинскиот образовен форум, а на неа говореа: Елена Игнатова (Фондација Метаморфозис), Антонио Јовановски (Гоу греен), Кирил Арсовски (Истражувачко друштво на студенти биолози) и дебатери од Младински образовен форум.

mediumski-item-img-1.png

22.11.2011

Е-Журка? ЖУРКА Е!

Во склоп на седмата меѓународна конференција е-Општество www.e-society.mk, ќе се огранизира „е-журка? ЖУРКА Е!“ на ден 23.11.2011 во МКЦ со почеток од 20:30 часот, под мотото рециклирај, реупотреби.

mediumski-item-img-1.png

31.10.2011

Работилница на тема „Е-отпад: Предизвици, обврски, очекувања“

Фондацијата Метаморфозис организира работилница на тема „Е-отпад: Предизвици, обврски, очекувања“ на 4ти ноември во 11 часот, во Стопанската комора.

mediumski-item-img-1.png

13.10.2011

Отворен настан на тема „Образованието и интернетот“

На 12 октомври, 2011 год., во МКЦ Клуб ресторант се одржа отворен настан на тема „Образованието и интернетот“, во организација на Здружението на граѓани „Интернет Хотлајн Провајдер Македонија“. Ова предавање беше наменето за наставници и родители, а предавачи беа Виолета Ѓорѓиевска од Интернет Хотлајн Провајдер, Ирина Шумадиева од Фондација Метаморфозис, и Мишел Буш – ЕУ експерт за безбедност на децата на интернет, кој одржа сеопфатна презентација на оваа тема.

mediumski-item-img-1.png

03.10.2011

Македонија: Претставување на Global Voices Lingua на конференцијата на PROZ.com

Претставникот на Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски учествуваше на Регионалната  конференција на ProZ.com за Балканот и Југоисточна Европа – Скопје 2011 претставувајќи ги активностите на мрежата Global Voices во контекст на работата на преведувачите.

mediumski-item-img-1.png

19.09.2011

The e-waste issue brought up in Parliament

With synergy between the BEWMAN project and the program for legislative initiatives through cooperation of civil society organizations and the Assembly of the National Democratic Institute (NDI), the Macedonian MPs were familiarized with the responsibilities and experiences coming from the EU Directive on waste electrical and electronic equipment (WEEE), based on which a Law on e-waste is being prepared. 

mediumski-item-img-1.png

15.06.2011

Одржана „филмска вечер“

На 28.05.2011 година во Менада со почеток од 18:30 часот беше организирано прикажување на филмот „Wasteland“ во организација на невладината организација Гоу Грин. Невладината организација Гоу Грин е дел од Националната мрежа за застапување при управување со е-отпад и овој настан го организира во рамките на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.

mediumski-item-img-1.png

15.06.2011

Одржана втора работилница на тема „Подигање на свеста за придобивките од е-отпад“ во Кратово

Здружението „Извор“ од Кратово, како дел од македонската национална мрежа за застапување при управување со е-отпад на ден 24.05.2011 година, ја одржа втората работилница на тема: „Подигање на свеста за придобивките од е-отпад“ на која земаа учество претставници од невладините организации и бизнис секторот, граѓански и младински асоцијации и локалното население.

mediumski-item-img-1.png

15.06.2011

Одржана јавна дебата за нацрт законот за е-отпад во Охрид

На 13.06.2011 година во просториите на општина Охрид се одржа јавна дебата за нацрт Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

mediumski-item-img-1.png

14.06.2011

Проекција на кратки едукативни филмови низ Македонија

Во текот на изминатите две недели, во неколку градови низ Македонија, се одржаа проекции на кратките едукативни филмови кои ги изработија Детскиот Театарски Центар и Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“.