Мени
5534004979_d3e7bf876f_o

Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет

Фокусот на овој Водич за родители е поставен кон интернетот, кон социјалните мрежи, но претставени се и други форми на комуникација и клучни места каде што е можна злоупотреба на личните податоци и нарушување на приватноста. Покажувајќи интерес за технологиите што ги користи Вашето дете, Вие можете да учите заедно со него/неа и да знаете што прави кога „седи на интернет“.

Zastita na podatoci (prelomen):Metamorfozis.qxd

Истражување и анализа на одговорите од прашалникот за ученици од средните училишта на Град Скопје

Основна цел на ова истражување е да се процени степенот на ефективност и ефикасност на спроведените предавања, нивото на свесност кај учениците кај кои е спроведено предавањето, експлицитна информираност на ученици од средните училишта за правото на приватност и заштитата на личните податоци на учениците, особено за користењето на социјалните мрежи, појава на говор на омраза на...

istrazuvanje za naviki

Истражување за навиките на интернет кај децата

Во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ на Фондацијата Метаморфозис, во јуни 2011 година, беа посетени 8 градови во Република Македонија, вклучително Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Велес, Дебар, Неготино и Штип. Целта на посетите беше проекција на кратки едукативни филмови и презентација на онлајн игри изработени како дел од проектот. За време на овие ...

mini istrazuvanje

Мини-истражување за навиките на интернет кај децата

По повод Денот на побезбеден интернет, во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа настан на тема „Животот на интернет е повеќе од игра“. На настанот учество земаа 50тина ученици од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Кочо Рацин“ од Скопје. Во оваа прилика беше спроведено мини-истражување на теми поврзани со приватноста и безбедноста на интернет, користењето мобилни ...

privatnosta

Приватноста како основно човеково право

„На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот – Член 25, Устав на Република Македонија“Третиот Водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ по повод Денот на заштитата на личните податоци, 28 јануари. Наменет е за сите кои ...

vodic_br4

ИКТ Водич бр.4: Безбедност на информациите и зошто да се заштитиме?

Водичот е наменет за сите кои сакаат да стекнат основни знаења за безбедноста на информациите. Подготвен е во рамките на проектот Иницијатива за информациска сигурност, спроведен од Фондацијата Метаморфозис со поддршка од Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Проектот има за цел поттикнување на воспоставувањето на сигурноста на информациските системи во сите ...

ti_odluchuvash

Брошура за заштита на личните податоци и приватноста на интернет

Брошурата „Ти одлучуваш..“ е наменета за младата популација, поточно тинејџерите, и содржи многу корисни информации за тоа како да  се заштити приватноста и личните податоци додека се користи интернетот (имејл, месинџери и други канали за комуникација преку интернет) како и некои размислувања и факти околу користењето на камерите на јавни места.