Пропаганда, лажни наративи, дезинформации – штетните влијанија на Кремљ во С. Македонија, Зборник на медиумски написи

За демократијата да биде одржлива и функционална, потребно е не само вклучено и активно граѓанство, туку и добро информирана јавност, што овозможува носење квалитетни одлуки, базирани на знаење. Наспроти тоа, слободите на изразување и на медиумите се загрозени од напливот на дезинформации кои се дел од популистичката авторитарна пропаганда од домашни и странски извори. Проектот […]

Факти, упорност и постојаност се најважните оружја во борба против вакциналните дезинформации

Во периодот јуни 2021 до февруари 2022 година, тимот на порталот за јавна отчетност, транспарентност и проверка на факти, Вистиномер, со поддршка од Мета и Порталб, другите два портали во издание на Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис, работеше на проектот со наслов „Рапиден одговор на вакцинални дезинформации“, кој беше помогнат од Балканскиот фонд за […]

Кус водич за теории на заговори

Публикацијата „Кус водич за теории на заговори“ се надоврзува на прирачникот за неформално образование за медиумска писменост „Со критичко мислење до разобличување дезинформации“ претходно објавен во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ го спроведуваат со поддршка од Европската унија. Прирачникот служи како клучен […]

Прирачник за дигитална безбедност за наставници и професори во основно и средно училиште

Прирачникот за дигитална безбедност е наменет за едуцирање на наставен кадар и содржи теми како што се: што е дигитална и физичка безбедност, закана за приватност, што е социјален инженеринг и злонамерен софтвер, што е дигитален отпечаток и видови на дигитални отпечатоци и многу други теми кои се врзани со сајбер безбедност. Прирачник за дигитална […]

Инфо пакет – Медиумска писменост на социјалните мрежи

Инфо пакет е изработен од страна на невладината организација Calidus со поддршка на Метаморфозис и TechSoup Europe. Инфо пакет содржи основни информации врзани со медиумската писменост како и примери на планови за лекции што би можеле да помогнат на наставниот кадар (наставници) како алатка за време на часовите кога предаваат на тема медиумска писменост.

Отворените образовни ресурси во образовниот процес – анализа на можностите и препораки

Со големо задоволство ве известуваме дека во рамки на проектот Отворени образовни ресурси се изготви и анализа за можностите за вклучување на отворените образовни ресурси во образовниот процес. Истата е достапна за преземавање на следниот линк, и ве покануваме да ја прочитате! Се надеваме дека анализата ќе ви биде од корист, и ќе разјасни добар […]

Пет клучни карактеристики на доброто владеење

Што е добро владеење? Кои се петте клучни карактеристики на доброто владеење? Доброто владеење се однесува на систем на владеење што продуцира резултати кои ги задоволуваат потребите на општеството преку искористување на достапните ресурси на најдобар можен начин. Дознајте повеќе во овој документ.

5 работи кои треба да ги знаете за отворените податоци

Дали знаете што се отворени податоци? Кои се придобивките од отворање на податоците од државните институции? Отворените податоци се податоци во компјутерски обработлив формат кои може да се користат слободно, да се ре-искористуваат и да се ре-дистрибуираат од страна на било кој, без ограничувања. Објавувањето отворени податоци носи повеќекратни придобивки за општеството во целина. Дознајте […]

Регионален сеопфатен план за добро владеење на Западен Балкан

Во периодот меѓу декември 2018 и март 2019 година, конзорциумот составен од 6 држави во регионот и Вестминстер фондација за демократија, развија Регионален индекс на отвореност кој служеше како индикатор за мерење на процентот на транспарентност на владите и министерствата во државите од Западен Балкан и достапноста на информациите до граѓанинот. Регионалниот сеопфатен план за […]

Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Северна Македонија – 2019

Отвореноста претставува клучен услов за демократија, зашто им дозволува на граѓаните да добиваат информации и знаење, неопходни за еднакво учество во политичкиот живот, ефективно донесување одлуки и барање одговорност од институциите за политиките што ги спроведуваат. Во светот, институциите преземаат одредени активности со цел да ја зајакнат транспарентноста и одговорноста кон граѓаните. Оваа публикација содржи […]