Антикорупциски реформи: ДКСK и граѓанските организации, ретки светла во тунелот

Работењето на новиот состав на Антикорупциската комисија, посветеноста на неколку организации од граѓанскиот сектор и перспективите од новиот Закон за јавно обвинителство, се единствените светли точки во реформските постигнувања на Северна Македонија во полето на антикорупцијата и борбата со оганизираниот криминал во текот на 2019 и почетокот на 2020 година. Ова е главниот наод на […]

Реформи во правосудството: заокружена законска рамка, ЕУ задоволна, во земјата сомневања

Клучната област за побрза ЕУ интеграција, функционирањето на правната држава и владеење на законите, со еден збор правосудството, во моментов е во некоја чудна состoјба која тешко може да се дефинира. Регистриран е напредок во однос на 2019 година и во поглед на законската рамка и во поглед на унапредување во праксата во дел од […]

Медиумски реформи: големи очекувања – малку постигнувања

Познавајќи го јо-јо ефектот во многу области што се клучни за демократијата во Република Северна Македонија, насловот на минатогодишното истражување за реформите во медиумскиот сектор го насловивме „Медиуми – реформи никогаш доста“, при што областа ја оценивме генерално позитивно, но и предупредивме на опасностите ако со реформите не се продолжи. Дополнителен проблем за одржливоста на […]

Реформи во јавната администрација: Мерит системот и натаму проблем, дигитализацијата напредува

Реформата на најкомплицираниот дел од општеството за реформирање – јавната администрација напредува, иако не со посакуваната брзина и сегментирано. Ова би бил основниот заклучок од второтo по ред истражување за текот на реформите во јавната администрација што го спроведовме во јануари годинава. Основните заклучоци од кои потоа произлегуваат и препораките би биле следните: Реформските зафати […]

Pодово мапирање во сферата на ИКТ во Mакедонија

Документот за родово мапирање во сферата на ИКТ во Македонија е подготвен во рамки на проектот на Метаморфозис „Унапредување, обликување и поддржување на слободите на интернет“. Главни цели на проектот се зголемување на разбирањето за сегашната состојба во однос на спроведувањето на основните права и слободи на Интернет во Македонија, градење на капацитетите на невладините […]

Истражување: Мерит – системот и дигитализација на услугите – формула за оптимална и квалитетна администрација

Еден од најголемите предизвици за секое современо демократско општество, а кај нас и еден од условите за евроинтеграциските процеси – квалитетна и оптимална по број јавна администрација, ориентирана кон граѓаните – се решава на различни начини во различни средини. Сепак, веќе постојат утврдени меѓународни стандарди и патеки по кои треба да се движат владите што […]

Истражување: Медиуми – реформи никогаш доста

Како до остварување на идеалите на генерации идеалисти, луѓе низ целиот свет, кои се бореле или сè уште се борат за слободата на говорот, слободата на изразувањето, слободата на примањето и давањето информации низ слободен интернет простор или по пат на традиционалните медиумски канали? Како слободен пристап до информациите и како судските казни на навреда […]

Истражување: Критичкото мислење и медиумската писменост кај младите во Република Северна Македонија

Преку ова истражување, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“ има цел да ја анализира состојбата во делот на афинитетите и ставовите што целната група (младите) ги има кон процесот на мислење и критичко мислење. Освен овој аспект, вниманието на истражувањето е исто така насочено кон навиките за информирање, користењето на медиумите и […]

Антикорупцијата и компромисите – невозможна мисија

Изградба на целосен систем за интегритет на централно и локално ниво; заострување на прекршочната политика во основниот антикорупциски закон и дополнување на постојниот закон за заштита на укажувачите се само дел од препораките кои произлегоа како заклучоци во истражувањето што го спроведе Фондацијата Метаморфозис на тема Антикорупција и борба со организиран криминал. Оваа област можеби […]

Објавен Регионалниот План за добро владеење за земјите од Западен Балкан

Во периодот меѓу јули- декември 2018 година, конзорциумот составен од 6 држави во регионот и Вестминстер фондација за демократија, развија Регионален индекс на отвореност кој служеше како индикатор за мерење на процентот на транспарентност на владите и министерствата во државите од Западен Балкан и достапноста на информациите до граѓанинот. Регионалниот План за добро владеење во […]