Анализа на отвореноста на локалната самоуправа во Македонија и регионот

Во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, Метаморфозис, Фондација за интернет и општество ја подготви анализата за нивото на транспарентност, отвореност и отчетност на локалните самоуправи во регионот на Западен Балкан.

Отвореност на Собранијата во регионот и Македонија

Во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, Метаморфозис, Фондација за интернет и општество ја изготви студијата на јавна политика во која го анализираме нивото на транспарентност, отвореност, отчетност на Собранијата во регионот на Западен Балкан.

Предлози за подобрување на моменталната состојба – Отвореност на институциите на извршната власт во регионот и Македонија

Во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, Метаморфозис, Фондација за интернет и општество ја изготви студијата на јавна политика во која го анализираме нивото на транспарентност, отвореност, отчетност на извршната власт во регионот на Западен Балкан.

Aнализа на законската рамка за образование и на можностите за вклучување на отворените образовни ресурси

Анализата го опфаќа законот за основно образование, закон за средно образование, закон за учебници за основно и средно образование, закон за авторско право и сродни права, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони.

Законите во Македонија – Придржување до принципите за заштита на личните податоци

Овој проект е обид да се даде увид во тоа како во Македонија 35 закони од 12 области се придржуваат до општите принципи за приватност и за заштита на личните податоци и со тоа да придонесеме во нивното усогласување со принципите и со стандардите за приватност на Европската унија.

Истражување и анализа на одговорите од прашалникот за ученици од средните училишта на Град Скопје

Основна цел на ова истражување е да се процени степенот на ефективност и ефикасност на спроведените предавања, нивото на свесност кај учениците кај кои е спроведено предавањето, експлицитна информираност на ученици од средните училишта за правото на приватност и заштитата на личните податоци на учениците, особено за користењето на социјалните мрежи, појава на говор на […]

Употребата на компјутери и интернет во образовниот систем на РМ

Анализа на контекстот на досегашната компјутеризацијата и дигитализацијата на образованието (сите јавно достапни национални документи, евалуациски извештаи од спроведени програми, изјави за јавност и сл.).

Предизвици и пречки: Користење на слободен софтвер во локалните самоуправи во Македонија

Истражувањето спроведено во 14 општини во Македонија ги покажува предизвиците и пречките за користење на слободен софтвер во единиците на локалната самоуправа. Општините одговараа за софтверот кој го користат и нивните буџети, јасно покажувајќи недостиг на средства за задоволување на потребите на граѓаните на кои им служат преку набавка на комерцијален софтвер кој го нудат […]

Резултати од истражувањето за користење на ИКТ во граѓанскиот сектор во РМ

PowerPoint презентација од истражувањето на Фондацијата Метаморфозис извршено со помош на Брима – Галуп. (PowerPoint презентација) МЕТОДОЛОШКИ ИЗВЕШТАЈ Помеѓу 8 и 15 март 2004 година, агенцијата БРИМА – македонскиот член на „Галуп интернешнл“ спроведе истражување на тема „Користењето на информатичките и комуникациските технологии во граѓанскиот сектор во РМ“ со коешто беше опфатена опремата која организациите […]

Истражување за навиките на интернет кај децата

Во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ на Фондацијата Метаморфозис, во јуни 2011 година, беа посетени 8 градови во Република Македонија, вклучително Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Велес, Дебар, Неготино и Штип. Целта на посетите беше проекција на кратки едукативни филмови и презентација на онлајн игри изработени како дел од проектот. За време […]

Мини-истражување за ставовите на студентите во врска со користењето на интернет и социјални медиуми

Во тек на 5 дебати за социјални медиуми, кои се одржаа во текот на месец април, 2012 година, како дел од проектот Социјални медиуми за демократија, Метаморфозис спроведе мини-истражување за ставовите на младите во врска со употребата на интернетот и социјалните медиуми. Во истражувањето учествуваа 154 студенти од 4 универзитети во Република Македонија.