Изборниот систем останува извор на криза во Северна Македонија

Со последните измени на Изборниот законик од февруари 2020 г. направени се извесни подобрувања пред сè во регистрацијата на избирачите, во процедурите за гласање и во проширување и прецизирање на надлежностите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), врз контролата на финансиите. Но, сепак, изборниот модел остана […]

Антикорупциски реформи: ДКСK и граѓанските организации, ретки светла во тунелот

Работењето на новиот состав на Антикорупциската комисија, посветеноста на неколку организации од граѓанскиот сектор и перспективите од новиот Закон за јавно обвинителство, се единствените светли точки во реформските постигнувања на Северна Македонија во полето на антикорупцијата и борбата со оганизираниот криминал во текот на 2019 и почетокот на 2020 година. Ова е главниот наод на […]

Реформи во правосудството: заокружена законска рамка, ЕУ задоволна, во земјата сомневања

Клучната област за побрза ЕУ интеграција, функционирањето на правната држава и владеење на законите, со еден збор правосудството, во моментов е во некоја чудна состoјба која тешко може да се дефинира. Регистриран е напредок во однос на 2019 година и во поглед на законската рамка и во поглед на унапредување во праксата во дел од […]

Медиумски реформи: големи очекувања – малку постигнувања

Познавајќи го јо-јо ефектот во многу области што се клучни за демократијата во Република Северна Македонија, насловот на минатогодишното истражување за реформите во медиумскиот сектор го насловивме „Медиуми – реформи никогаш доста“, при што областа ја оценивме генерално позитивно, но и предупредивме на опасностите ако со реформите не се продолжи. Дополнителен проблем за одржливоста на […]

Реформи во јавната администрација: Мерит системот и натаму проблем, дигитализацијата напредува

Реформата на најкомплицираниот дел од општеството за реформирање – јавната администрација напредува, иако не со посакуваната брзина и сегментирано. Ова би бил основниот заклучок од второтo по ред истражување за текот на реформите во јавната администрација што го спроведовме во јануари годинава. Основните заклучоци од кои потоа произлегуваат и препораките би биле следните: Реформските зафати […]

Регионален сеопфатен план за добро владеење на Западен Балкан

Во периодот меѓу декември 2018 и март 2019 година, конзорциумот составен од 6 држави во регионот и Вестминстер фондација за демократија, развија Регионален индекс на отвореност кој служеше како индикатор за мерење на процентот на транспарентност на владите и министерствата во државите од Западен Балкан и достапноста на информациите до граѓанинот. Регионалниот сеопфатен план за […]

Визуелизација – регионалната отвореност на институциите од Западен Балкан

Фондација за интернет и општество Метаморфозис, во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, ја изготви најновата визуелизација во која го прикажуваме нивото на отвореност на институциите на власта во регионот на Западен Балкан. Преку оваа визуелизација се презентирани дел од клучните наоди од истражувањето на отвореноста во регионот и во Северна […]

Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Северна Македонија – 2019

Отвореноста претставува клучен услов за демократија, зашто им дозволува на граѓаните да добиваат информации и знаење, неопходни за еднакво учество во политичкиот живот, ефективно донесување одлуки и барање одговорност од институциите за политиките што ги спроведуваат. Во светот, институциите преземаат одредени активности со цел да ја зајакнат транспарентноста и одговорноста кон граѓаните. Оваа публикација содржи […]