Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет

Фокусот на овој Водич за родители е поставен кон интернетот, кон социјалните мрежи, но претставени се и други форми на комуникација и клучни места каде што е можна злоупотреба на личните податоци и нарушување на приватноста. Покажувајќи интерес за технологиите што ги користи Вашето дете, Вие можете да учите заедно со него/неа и да знаете […]

Истражување и анализа на одговорите од прашалникот за ученици од средните училишта на Град Скопје

Основна цел на ова истражување е да се процени степенот на ефективност и ефикасност на спроведените предавања, нивото на свесност кај учениците кај кои е спроведено предавањето, експлицитна информираност на ученици од средните училишта за правото на приватност и заштитата на личните податоци на учениците, особено за користењето на социјалните мрежи, појава на говор на […]

Студија за јавна политика: Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност

Целта на оваа студија за јавни политики е да се испита тековното ниво на користењена веб-локациите на централните и на локалните власти во Република Македонија (што претежно користат домени .gov.mk) во областите на транспарентност, отчетност и е-учество на граѓаните во донесувањето одлуки, како и да понуди препораки како да се надминат пречките што оневозможуваат да […]

Употребата на компјутери и интернет во образовниот систем на РМ

Анализа на контекстот на досегашната компјутеризацијата и дигитализацијата на образованието (сите јавно достапни национални документи, евалуациски извештаи од спроведени програми, изјави за јавност и сл.).

Предизвици и пречки: Користење на слободен софтвер во локалните самоуправи во Македонија

Истражувањето спроведено во 14 општини во Македонија ги покажува предизвиците и пречките за користење на слободен софтвер во единиците на локалната самоуправа. Општините одговараа за софтверот кој го користат и нивните буџети, јасно покажувајќи недостиг на средства за задоволување на потребите на граѓаните на кои им служат преку набавка на комерцијален софтвер кој го нудат […]

Резултати од истражувањето за користење на ИКТ во граѓанскиот сектор во РМ

PowerPoint презентација од истражувањето на Фондацијата Метаморфозис извршено со помош на Брима – Галуп. (PowerPoint презентација) МЕТОДОЛОШКИ ИЗВЕШТАЈ Помеѓу 8 и 15 март 2004 година, агенцијата БРИМА – македонскиот член на „Галуп интернешнл“ спроведе истражување на тема „Користењето на информатичките и комуникациските технологии во граѓанскиот сектор во РМ“ со коешто беше опфатена опремата која организациите […]

Истражување за навиките на интернет кај децата

Во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ на Фондацијата Метаморфозис, во јуни 2011 година, беа посетени 8 градови во Република Македонија, вклучително Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Велес, Дебар, Неготино и Штип. Целта на посетите беше проекција на кратки едукативни филмови и презентација на онлајн игри изработени како дел од проектот. За време […]

Мини-истражување за ставовите на студентите во врска со користењето на интернет и социјални медиуми

Во тек на 5 дебати за социјални медиуми, кои се одржаа во текот на месец април, 2012 година, како дел од проектот Социјални медиуми за демократија, Метаморфозис спроведе мини-истражување за ставовите на младите во врска со употребата на интернетот и социјалните медиуми. Во истражувањето учествуваа 154 студенти од 4 универзитети во Република Македонија.

Прелиминарни податоци од истражувањето „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатк

Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество“, спроведе истражување чија цел е утврдување на квалитетот на е-услугите и алатките за комуникација со граѓаните кои ги нудат gov.mk веб-локациите и истакнување на позитивни примери со цел поттикнување зголемено користење на овие е-услуги.Истражувањето го опфаќа […]