Мени

Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија

Отвореноста претставува клучен услов за демократија, зашто им дозволува на граѓаните да добиваат информации и знаење, неопходни за еднакво учество во политичкиот живот, ефективно донесување одлуки и барање одговорност од институциите за политиките што ги спроведуваат. Во светот, институциите преземаат одредени активности со цел да ја зајакнат транспарентноста и одговорноста ...

Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет

Фокусот на овој Водич за родители е поставен кон интернетот, кон социјалните мрежи, но претставени се и други форми на комуникација и клучни места каде што е можна злоупотреба на личните податоци и нарушување на приватноста. Покажувајќи интерес за технологиите што ги користи Вашето дете, Вие можете да учите заедно со него/неа и да знаете што прави кога „седи на интернет“.

Приватноста како основно човеково право

„На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот – Член 25, Устав на Република Македонија“Третиот Водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ по повод Денот на заштитата на личните податоци, 28 јануари. Наменет е за сите кои ...

ИКТ Водич бр.4: Безбедност на информациите и зошто да се заштитиме?

Водичот е наменет за сите кои сакаат да стекнат основни знаења за безбедноста на информациите. Подготвен е во рамките на проектот Иницијатива за информациска сигурност, спроведен од Фондацијата Метаморфозис со поддршка од Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Проектот има за цел поттикнување на воспоставувањето на сигурноста на информациските системи во сите ...

ИКТ Водич Бр. 1 – Кој владее со интернетот, што е ИКАНН?

Ова е првиот во серијата кратки документи за различните аспекти на ИКТ и информатичкото општество. Водичот е резултат на соработката на Фондацијата Метаморфозис и Панос Лондон, и е наменет за оние коишто не се стручни, а особено новинарите, кои сакаат да пишуваат за прашањата поврзани за информатичкото општество околу втората фаза на Светскиот самит за информатичко општество ...

Препораки за стандарди за ИКТ во државната управа

Оваа публикација ги претставува препораките за стандарди за ИКТ за интер и интракомуникација во државната управа.Со оглед на фактот дека анализите беа изведени во соработка со Владата на РМ и нејзините тела, како и со оглед на фактот дека во процесот на формулирањето на препораките активно учествуваа претставници на професионалната и стручната јавност во Македонија, се очекува ...

Брошура за заштита на личните податоци и приватноста на интернет

Брошурата „Ти одлучуваш..“ е наменета за младата популација, поточно тинејџерите, и содржи многу корисни информации за тоа како да  се заштити приватноста и личните податоци додека се користи интернетот (имејл, месинџери и други канали за комуникација преку интернет) како и некои размислувања и факти околу користењето на камерите на јавни места.

Нацрт-кодекс за заштита на приватноста на Интернет

Заштитата на личните податоци е фундаментално човеково право. Сопствениците на веб-сајтовите се контролори на личните податоци на нивните корисници. Нивна обврска е да ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци и одредбите на Законот за заштита на личните податоци. Овој Кодекс претставува алатка која се заснова на начелата врз кои е донесен Законот за заштита на ...

Упатство за употреба на OpenOffice.org

Во Упатството за употреба на OpenOffice.org се поместени упатства за најкористените апликации што се наоѓаат во склоп на канцеларискиот пакет и тоа: Writer, Calc, Impress и Base. Делото е објавено под лиценците ГНУ (GNU General Public License, version 2 or later), и Креативни заеднички содржини (Creative Commons Attribution License, version 2.0 or later), кои овозможуваат негова дистрибуција и надградба, односно менување, преведување и ...