Модел за ефикасна комуникација меѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните (МЕК)

Активностите на проектот беа во насока на подобрување на капацитетите на членовите на Комисиите за односи со заедниците (КОЗ) со цел да станат поефикасни, да се зголеми нивната видливост и способноста за работа во рамките на нивните законски одредени надлежности, преку употребата на нови технологии.

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Проектот со своите активности планира да ги постигне следниве резултати: да ги зголеми соработката и размената на добрите практики за раководење со електронскиот отпад помеѓу сите релевантните страни, да ја подобри јавната свест за правилното раководење со електронскиот отпад, да се зголемат капацитетите на граѓанските организации за лобирање и застапување на правилно раководење со електронскиот отпад, темите поврзани со електронскиот отпад да се почесто застапени во медиумите и бројот на уреди кои се сé уште функционални, а завршиле во отпад да се намали.

Слободен софтвер

Издавање колекција на локализирани апликации со слободен софтвер во соработка со локалната организација за слободен софтвер. Целта на оваа активност е да се задоволат основните потреби на локалните НВО и на домашните корисници со промоција на слободниот софтвер како ефикасно, рационално и легално софтверско решение за хибридни системи (компјутери со инсталиран Microsoft Windows, кои доминираат […]

Национална стратегија за развој на информатичко општество

На 1.04.2005 година работната група за информатичко општество ја усвои Националната стратегија за информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) и соодветниот Акциски план. Националната стратегијата беше прифатена од Владата на Република Македонија на 16.06.2005г., а изгласана во Собранието на 21.09.2005г.Изработката на стратегијата и на акцискиот план беше поддржана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), […]

Криејтив комонс (креативни заеднички содржини)

Криејтив комонс (креативните заеднички содржини) му служат на јавниот интерес преку огромна размена на изразување, знаење и уметност. Овие лиценци им помагаат на луѓето да му кажат на светот дека нивните авторски дела се слободни за делење, но само под одредени услови.

Тематска мрежа КОМУНИЈА

Тематската мрежа КОМУНИЈА има цел да стане европска референтна точка за теоретска анализа и дискусија за стратешки политики околу постојните и новите прашања во врска со јавниот домен во дигиталната околина – како и сродни теми, вклучително, но не и ограничено на, алтернативни форми на лиценцирање за креативен материјал; отворен пристап до научни публикации и истражувачки резултати; управување со дела чии автори се непознати

Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет

Проектот CRISP има за цел да ги заштити правата на децата на интернет и да овозможи сигурен и безбеден пристап до интернет, заштита на нивната приватност и приватноста и безбедноста на нивните семејства.