CATEGORY

Светски ден против цензурата на интернет

Репортери без граници ќе го одбележи Светскиот ден против цензурата на интернет на 12 март.  Овој настан има за цел да ги собере на едно место сите што поддржуваат единствен интернет, без ограничувања и достапен за сите. Исто така, настанот треба да привлече внимание кон фактот дека интернетот претставува двигател на слободата, преку создавањето на нови простори за размена на идеи и информации. Сепак, сè повеќе и повеќе влади, иако го знаат тоа, реагираат со обиди да го контролираат интернетот.Репортери без граници ќе го одбележи овој ден со објавување на најновиот список на „Непријатели на интернетот“. Во оваа листа се посочени земји како што се Иран, Кина, Саудиска Арабија, Виетнам и Тунис, во кои се ограничува пристапот до интернет и се малтретираат нивните нетизени.Ќе биде објавена и листа на земји кои се ставени „под надзор“ поради покажување на вознемирувачки став кон интернетот.„Репортери без граници“ ќе ја додели првата „Награда за нетизен“, со поддршка од Google, на 11 март 2010 година, во 19:00ч., во пресрет на Светскиот ден против цензурата на интернет.  Наградата ќе му биде доделена на интернет корисник, блогер или сајбер-дисидент, кој има остварено значаен придонес за одбраната на слободата на изразување на интернет.  Церемонијата на доделувањето ќе се одржи во седиштето на Google – Франција во Париз.„Репортери без граници“ дизајнираше лого кое ја симболизира одбраната на слободното изразување на интернет. На логото е претставено компјутерско глувче коешто се ослободува од своите

Франција планира да воведе нов данок за Google, Yahoo и Facebook

Францускиот претседател Никола Саркози држи цврста позиција во однос на регулирањето на дигиталните содржини. Google и други интернет компании би можеле да бидат оданочувани според плановите кои моментално ги разгледува француската влада. Во извештајот, подготвен од Владата, се укажува дека фирмите како што се Google, Yahoo и Facebook треба да плаќаат нов данок на своите приходи од огласи на интернет. Парите можат да се искористат за финансирање на легални алтернативи за купување на книги, филмови и музика на интернет.Но критичарите велат дека данокот ќе биде тешко да се имплементира, а Google вели дека со данокот би можела да се забави иновацијата. Претседателот Никола Саркози држи цврста позиција во однос на сè поголемата доминација на дигиталните содржини.Франција тукушто го воведе новото строго законодавство наменето за исклучување на оние кои упорно и нелегално преземаат содржини од интернет. Франција исто така се соочува со Google и неговите планови за дигитализација на светските книги, со еден проект за воспоставување на своја дигитална библиотека, финансиран од страна на владата со 700 милиони фунти. Франција исто така размислува за воведување на закон со кој на интернет корисниците би им се дало можност да ги бришат старите податоци за нив.Предлозите за данок на содржините се сè уште во почетна фаза, и има малку детали околу тоа како точно ќе функционира. Патрик Зелник, кој придонесе за извештајот и е, исто така, основач на издавачката куќа на жената на францускиот претседател, се

„Отворени“ – клучен збор во стратегијата за ИКТ на Унгарија

Отворените стандарди и слободниот софтвер се суштински во пристапот на Унгарија кон ИКТ, изјави Габор Фекете, заменик-министер за надворешни работи во своето воведно обраќање на конференцијата организирана од владиниот ресурсен центар за слободен софтвер одржана на 27 ноември во Будимпешта. Владата сака да го зајакне домашниот ИТ сектор, да ја намали неговата затвореност со комерцијални решенија, да ги намали трошоците за своите решенија за ИКТ и да обезбеди интероперабилност на владините е-услуги.Постигнувањето интероперабилност е централниот принцип на владините планови за периодот 2014 – 2020 за јавната администрација, вели Фекете. Со дизајнот на владините ИКТ-системи сè уште останува да се надмине „петнаесетгодишниот долг“. „Модернизацијата на ИКТ е од суштинско значење за подобрување и поедноставување на владините услуги“.Заменикот министер за надворешни работи пред присутните на конференцијата изјави дека владата сака да ги направи образовните материјали и решенијата засновани врз слободен софтвер достапни бесплатно достапни. Тој рече дека слободниот софтвер ќе биде дел од централните решенија, одговарајќи на очекувањата на јавните институции и претпријатија. Извор: Joinup.eu „’Open’ one of keywords in Hungary’s ICT strategy“ 17 декември, 2013.  

Европската комисија стартува пилот за отворање на податоците од јавно финансираните истражувања

Вредните информации генерирани од истражувачите во голем број проекти финансирани од ЕУ ќе се споделуваат слободно како резултат на пилотот „Отворени податоци од истражувањата“ во рамки на програмата Horizon 2020.Од истражувачите во проекти што учествуваат во пилот-програмата се бара основните податоци и другите научни информации потребни за потврда на резултатите презентирани во научните публикации да ги направат достапни за употреба и од страна на други истражувачи, иновациски индустрии и граѓани. Тоа ќе резултира со подобра и поефикасна наука и подобрена транспарентност за граѓаните и општеството. Ќе придонесе и за економски раст преку отворени иновации. За периодот 2014-2015, тематските области кои учествуваат во пилотот „Отворени податоци од истражувањата“ ќе се финансираат со околу 3 милијарди евра.Комисијата признава дека податоците од истражувањето се исто толку важни како и публикациите. Затоа, во 2012 г. соопшти дека ќе експериментира со отворениот пристап до податоците од истражувањата. Пилотот за отворени податоци од истражувањата во рамки на Horizon 2020 за научните информации го прави она што Стратегијата за отворени податоци го прави за информациите од јавниот сектор: има за цел да ги подобри и зголеми пристапот до и повторната употреба на податоците од истражувањата генерирани од проекти за доброто на општеството и економијата.Пилотот ги опфаќа клучните области на Horizon 2020: Идни и нови технологии Истражувачки инфраструктури – дел е-Инфраструктури Лидерство во индустриски технологии – информациски и комуникациски технологии Општествен предизвик: Безбедна, чиста и ефикасна енергија – дел Паметни градови

„Турција намерно го игнорира слободниот софтвер“

Јавната администрација во Турција ги запоставува ИКТ-решенијата засновани врз слободен софтвер, вели Хусеин Толу, докторант на Универзитетот во Бристол. Меѓу причините спаѓаат институционалната инерција, затворањето со форматите за комерцијалниот софтвер и корупцијата. Дел од неговата теза се појави како студија на случај оваа недела во списанието IFOSSLR.Толу пишува дека земјата има недостаток од политики за ИКТ и дека властите не се обидуваат да постигнат рамнотежа меѓу слободниот и комерцијалниот софтвер. Меѓутоа, потребата за пристап кон слободниот софтвер се јави неколку пати, резимираше Толу. Од 2004 до 2006 година, два владини акциски планови нудеа аргументи во прилог на слободниот софтвер, а владата спроведе пет евалуации. Tурскиот парламент исто така придонесе од 2005 до 2012 година со над триста напишани пратенички прашања.Пречки„Сите овие напори не ги постигнаа првичните и последователните цели  и резултираа со неуспех. Општиот дискурс е дека иако употребата на слободниот софтвер во Турција е речиси исто толку напредна како и во многу водечки земји, постојат и некои клучни пречки“.Една од нив е тоа што јавните институции во земјата не ја поттикнуваат употребата на слободниот софтвер. Потоа, огромен број софтверски апликации развиени за владата се заклучени со комерцијална технологија. Трето, пишува Толу, не е јасно која владина организација треба да ја носи одговорноста за воведување и спроведување на која било политика за ИКТ.Нецелосност„Во овие пет извештаи за евалуација во неколку наврати се укажува дека мерките се нејасни и дека планот сè уште не

Програмата Horizon 2020 стартува со 15 милијарди евра за првите две години

Денес, Европската комисија за прв пат ги претстави повици за предлог-проекти во рамки на Horizon 2020, програмата на ЕУ од 80 милијарди евра за истражувања и иновации. Финансирањето од над 15 милијарди евра во текот на првите две години има за цел да ја поттикне европската економија базирана на знаење и да се справува со прашања што ќе имаат влијание врз животите на луѓето. Опфатени се 12 области што ќе бидат во фокусот на дејствувањето во 2014 и 2015 година, вклучувајќи теми како што се персонализирана здравствена заштита, дигитална безбедност и паметни градови.Европскиот комесар за истражување, иновации и наука Мер Геогеган – Квин изјави: „Време е сериозно да се посветиме на оваа програма. Финансирањето од Horizon 2020 е од суштинско значење за иднината на истражувањето и иновациите во Европа и ќе придонесе за раст, работни места и подобар квалитет на животот. Ја дизајниравме програмата Horizon 2020 за да генерираме резултати и ја намаливме бирократијата за да овозможиме полесно учество. Ги повикувам истражувачите, универзитетите, компаниите, како и малите и средни претпријатија и другите субјекти да се пријават!“За прв пат, Комисијата укажа кои се приоритетите за финансирање во двете години, обезбедувајќи им на истражувачите и компаниите најголема сигурност досега околу насоката на политиката за истражување на ЕУ. Поголемиот број повици од буџетот за 2014 година се веќе отворени за поднесоци од денес, а ќе следуваат и други во текот на годината. Само повиците во буџетот

rsz img 2314

Регионална конференција POINT 2.1: „Отчетност на владата, граѓанското општество и новите технологии“

Фондацијата Friedrich Ebert во соработка со UG Zašto Ne ја одржа регионалната конференција „Отчетност на владата, граѓанското општество и новите технологии – POINT 2.1“ на 23 ноември, 2013 г. Настанот се надоврза на годишната конференција „POINT“ којашто UG Zašto Ne ја организира од 2012 г. со цел размена на искуства на граѓанското општество во контекст на употребата на нови технологии за демократизација на јавниот живот и за промоција на отчетноста и транспарентноста на владата, како и за граѓански активизам. Говорници и учесници во дискусијата беа претставници на граѓански организации од регионот, кои учествуваа и на претходните две конференции POINT: претставници на CRTA од Србија, Zašto Ne, CCI и Revolt од БиХ и Метаморфозис и МОСТ од Македонија.Покрај тоа што ја нагласија важноста на транспарентноста и усвојувањето на новите закони, учесниците ги истакнаа големите можности што обелоденувањето податоци на интернет ги носи за целото население. Организаторите и учесниците се согласија дека биле направени многу работи за искористување на новите технологии за создавање влади со поголема отчетност во регионот, но и дека размената на искуства може да помогне во распространувањето на добрите практики низ регионот. Претставникот на Метаморфозис ги претстави искуствата од Вистиномер во Македонија во однос на барање отчетност од властите преку поттикнување дискусии меѓу граѓаните за дадените ветувања и изјави. Покрај тоа, претставникот нагласи дека е неопходна одговорност и од другите клучни фактори во политичкиот процес, заради што беше покренат проектот „Сервис за

THUMB I084117INT1W-290x290

Советот на ЕУ дискутираше за Отворените образовни ресурси, но без да навлегува во детали

Минатата недела, Советот на Европската унија составен од министри од земјите-членки дебатираше на темата „Отворени образовни ресурси и дигитално учење“. Дебатата се одржа за време на состанокот на Советот за образование, млади, култура и спорт на 25 и 26 ноември 2013 г.Состанокот беше поврзан со Иницијативата „Отворање на образованието“ што Европската комисија ја стартуваше кон крајот на септември и во која развојот на политики за отворени образовни ресурси игра клучна улога. Меѓутоа, опсегот на дебатата во текот на состанокот на Советот беше поширок и се чинеше дека не е добро поврзан со проектот „Отворање на образованието“. Советот не обезбеди писмен заклучок по ова прашање. Врз основа на ограничените информации на располагање (видете стр. 10 од записникот од состанокот), се чини дека Советот се фокусирал првенствено на општи прашања поврзани со дигиталното учење и масовните отворени курсеви преку интернет (што привлекуваат големо внимание кај јавноста, како и кај креаторите на политики).Слично на тоа, во краткиот документ за официјалниот став, подготвен од Литванското претседателство и насловен како „Документ за дискусија на претседателството: Отворените образовни ресурси и дигиталното учење“ не се нуди цврст став во однос на отворените образовни ресурси. Во документот се наведуваат предности и предизвици и се вели дека „ова е вистинското време за дебата на европско ниво околу можностите и предизвиците што несомнено ќе ги донесат отворените образовни ресурси“.Соопштението за „Отворање на образованието“ нуди многу порешителен став во однос на отворените образовни ресурси

ЕУ: Повик за предлог-проекти на веб-претприемачи за WP2014-15

Повикот е наменет за проекти за создавање погодна околина во Европа што ќе поттикнува повеќе веб-претприемачи да основаат и да развиваат компании во Европа. Во фокусот се претприемачи кои користат интернет и мобилни технологии како главни компоненти за нивните иновации, со позитивно влијание во континуумот од чинители во областа на претприемништвото. Претстојното финансирање од 10 милиони евра ќе биде наменето за проекти за поттикнување на веб-претприемништвото во Европа со користење на нови прекугранични услуги заеднички развиени од страна на неколку локални екосистеми и центри за веб-претприемништво. Ќе се финансираат и координативни активности за зајакнување на околината за веб-претприемништво во Европа што ги користат синергиите во заедниците на засегнатите страни. Со ова се очекува да се поддржи појавата на динамични европски екосистеми за веб-претприемачи кои исто така придонесуваат за обликувањето на идните конкретни политики за веб-претприемништво, а особено за спроведување на Иницијативата на ЕУ за „стартапи“ во Европа. Повеќе информации за повикот се достапни овде.Извор: Europe’s Information Society „WP2014-15 Web Entrepreneurs Challenge“

Награди во вкупен износ од 400.000 евра на најголемиот конкурс за апликации во Европа

На најголемиот конкурс за апликации во ЕУ досега, се нудат награди во вредност од вкупно 400.000 евра за најдобрите нови апликации што помагаат во создавањето попаметни градови и компании.  Со натпреварот ќе управува Campus Party, најголемиот светски форум за „бубалици“, а судии ќе бидат специјализирани инженери од Конзорциумот FI-WARE финансиран од ЕУ.Единствениот услов за учество на конкурсот е поднесените апликации да се засноваат врз составните елементи наведени во проектот на ЕУ за изградба на основната платформа на утрешниот интернет.50 од овие составни елементи веќе постојат – и се слободно достапни преку Лабораторијата за отворени иновации на FI-WARE, па програмерите можат да експериментираат со нив. Овие составни елементи обезбедуваат општи функции што може да се користат од страна на широк спектар апликации од сите видови на сектори, како што се клауд-хостинг, анализа на големи податоци, управување со идентитетот , или „интернетот на нештата“. Овој конкурс за апликации има за цел да овозможи услуги засновани врз тие составни елементи.Кликнете овде за учество. Регистрацијата завршува на 20 декември 2013 година.Може да учествува секој, поединци, мали компании, веб-претприемачи итн. Можете да учествувате само со идеја , но учесници се охрабруваат да ја илустрираат нивната идеја со нацрт-прототип. Извор: Europe’s Information Society „€400 000 in prizes in Europe’s biggest app challenge“ 29 ноември, 2013.