Добро владеење: glasomer.mk

За првпат во историјата на македонската демократија, преку веб-апликацијата Гласомер.мк граѓаните имаа можност директно да ги споредат политичките понуди на партиите што учествуваа на парламентарните избори во 2011 г. со своите ставови и мислења.
 
Со објавување на Гласомерот, Фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје во соработка со граѓанските здруженија „Зашто не“ од Сараево и ЛиНет од Белград, ја продолжи регионалната иницијатива за примена на нови технологии за едукација на гласачите и поголема транспарентност на политичките субјекти поддржана од американската непрофитна фондација НЕД, финансирана од Конгресот на САД,  како дел од напорите за развој на демократијата во регионот.

Како функционира Гласомер.мк?

Сите политички партии во Македонија добија покана да одговорат на едноставен прашалник и на тој начин да ги известат граѓаните за своите ставови, мислења и намери. Најголем дел од клучните политички субјекти ја искористија оваа можност за транспарентен контакт со електоратот и нивните одговори беа внесени во системот.

Сите корисници на интернет можеа да го пополнат истиот прашалник по што системот им нудеше да ги споредат сопствените одговори со оние од партиите, како и да дознаат многу повеќе за нивните декларирани ставови по низа прашања поврзани со јавните политики во клучните општествени области.

Резултат на користење на Гласомер.мк е подигање на нивото на знаење на граѓаните, како и проширување на можностите партиите преку интеракција со граѓанскиот сектор и јавноста да го подигнат нивото на транспарентност и отчетност кон народот.

Назад кон Добро владеење

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Добро

владеење:

glasomer.mk