Мени
dspace-logo

Зошто да го користите Диспејс?

(погледни ја содржината на страницата на албански јазик)

dspace-logoДиспејс е софтвер со отворен код што овозможува отворено споделување на содржини кои потекнуваат од организации, континенти и времиња. Еве неколку факти поврзани со неговата употреба и, воедно, причини зошто би се определиле за него:

Најголема заедница на корисници и програмери во светот

Заедницата формирана околу диспејс вклучува 700 организации кои моментално го користат софтверот за поставување на дела или како околина за работа со проекти. Најчесто се употребува од страна на истражувачките библиотеки како институционално складиште, но има многу организации кои го користат софтверот за да поставуваат и уредуваат тематски базирани складишта, складишта со податоци или мултимедијално базирани складишта. Листата на сите регистрирани корисници можете да ја видите овде. За да погледнете мапа на сите регистрирани учесници, посетете ја оваа локација.

Други содржини поврзани со отворен пристап
Информации за проектот: е-Инклузивност: Иницијатива за Отворен пристап во Македонија
Презентација за отворен пристап: верзија на македонски јазик; верзија на албански јазик
Претставување на Депот: Ново складиште за научниците и истражувачите од целиот свет
Вести: Одржани првите презентации за отворен пристап, Делење постери за отворен пристап,  Завршени договорените презентации за отворен пристап
Фотографии од одржаните презентации за отворен пристап низ високо-образовни и истражувачки институции во Македонија (слајд шоу)


Бесплатен софтвер со отворен код

Платформата со отворен код диспејс е бесплатно достапна за сите. Може да се преземе од складиштето за софтвер со отворен код sourceforge. Кодот е моментално лиценциран со лиценцата со отворен код БСД, што значи дека секоја организација може да го користи, прилагодува и дури да го интегрира кодот во своите комерцијални апликации, без да плаќа надомест. Единствено, доколку некој го надградува софтверот, пожелно е да придонесе со споделување на тој код со заедницата за да можат сите да имаат полза од него. Денес постојат повеќе од 80 развивачи на софтвер ширум светот кои придонесуваат со код, а 15 главни програмери постојано работат заедно на планирање на новите верзии, интегрирање на нови својства и поправање на грешки на кои посочува заедницата.

Виртуелна машина со DSpace на македонски и албански јазик

DSpace сега е достапен и како виртуелна машина во OVF (Open Virtualization Format) која може да се постави и пушти во функција за помалку од 1 час во зависност од конфигурацијата на серверот на кој се инсталира.

dspace-vm-mk

Виртуелната машина со инсталиран DSpace, кој може да се користи со македонски и албански интерфејс, заедно со документација за процесот на инсталација на 3 јазика и неколку прирачници, е достапна за преземање преку линковите подолу, а заинтересираните институции можат да стапат во контакт директно со персоналот од Метаморфозис за да им се испорача содржината на DVD.

За да ја инсталирате виртуелната машина и да го тестирате DSpace на вашиот компјутер ќе треба да одвоите:

  • 1GB RAM
  • процесор со капацитет од 2GHz
  • 6GB диск простор

Како предуслов треба да поседувате софтвер за виртуелизација кој го распознава OVF форматот. Ние ви ги препорачуваме бесплатните софтвери за десктоп виртуелизација VMWare Player и VirtualBOX.

Доколку се одлучите да ја користите DSpace виртуелната машина во продукциска околина, препорачуваме да употребите серверски хардвер со софтвер за виртуелизација од соодветна класа. Ние ви го препорачуваме бесплатниот софтвер за виртуелизација на продукциски сервери VMWare ESXi.

За непречена работа на DSpace во продукциска околина, препорачуваме да обезбедите:

  • минимум 4GB RAM
  • 2 процесорски јадра од минимум 2GHz
  • доволен капацитет на хард дискот за вашите потреби

Дополнително, доколку сакате сами да го инсталирате DSpace, преземете ги само фајловите за локализација на македонски и албански јазик и документацијата за инсталација (10MB) каде е објаснето како да го локализирате DSpace.

 

Целосно прилагодлив на потребите

Еве неколку начини на кои можете да ја прилагодите апликацијата диспејс на вашите потреби:

Кориснички интерфејс – Можете целосно да го прилагодите изгледот и дизајнот на вашиот диспејс веб-сајт за совршено да се интегрира со веб-сајтот на вашата институција и да биде поинтуитивен за вашите корисници. Ова е возможно благодарение на додатокот Манакин кој е достапен за верзијата 1.5 на диспејс, па натаму.

Можност за прилагодување на податоците – „Dublin core“ е основниот формат за податоци кој се користи во рамките на апликацијата диспејс. Сепак, вие можете да додавате или менувате полиња за да ги прилагодите на апликацијата. Диспејс моментално поддржува каков било вид на еднакви групи на класи без хиерархија. Како и да е, возможно е да апсорбирате други хиерархиски шеми за податоци во диспејс, како што се MARC и MODS. Ова бара користење на алатки како CrossWalk и поседување на техничко знаење за мапирање на трансферот на податоци.

OAI-PMH (Open Archives Initiative Protocol for Metadata Harvesting) компатибилен

Можност за конфигурирање на прегледувањето и пребарувањето – Можете да одлучите кои полиња би сакале да ги прикажете за прегледување: автор, наслов, датум и сл. на вашиот диспејс веб-сајт. Исто така, можете да означите кое било поле за податок да биде вклучено во интерфејсот за пребарување. Целиот текст во рамките на дадена содржина и податоците поврзани со неа, по желба можат да бидат индексирани за целосно пребарување.

Прилагодлива база – Можете да изберете Postgres или Oracle за базата со која диспејс ги управува содржините и податоците.

Можност за избор на основен јазик – Веб-апликацијата диспејс е достапна на 20 јазици, па доколку англискиот не е локален јазик, може да се избере друг.

Користен од страна на образовни, владини, приватни и комерцијални институции

Платформата ја користат високо образовни институции за кои таа е првично развиена, но подоцна софтверот покажа дека има поширока примена. Софтверот е користен од страна на музеи, државни архиви, државни и национални библиотеки, здруженија, списанија и комерцијални компании за управување со нивните дигитални материјали. Може да се инсталира брзо и лесно Диспејс доаѓа со лесно прилагодлив веб-базиран интерфејс, преку кој секој системски администратор може да го инсталира на Линукс или Винодус машина. За да го тестирате диспејс, преземете ја апликацијата на CD.

 Овозможува и чува секаков тип на дигитална содржина

Апликацијата диспејс препознава и овозможува голем број на формати на документи и MIME (Multipurpose Internet Mail Extensions) типови. Некои од највообичаените формати кои се моментално овозможени во околината на диспејс се PDF, Word документи, графички формати како JPEG, MPEG, TIFF итн.

Делото „Зошто да го користите Диспејс?“ изработено од Фондацијата Метаморфозис е лиценцирано со Криејтив комонс лиценцата Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2.5 Македонија, базирано на содржини од dspace.org.

Поврзани натписи