Мени

е-Законодавство: Приватност на интернет на лесен начин

Општа цел:

Да се помогне развојот на демократијата и отвореното општество во Македонија, преку придонесување за заштитата на основните човекови права, во областа на заштита на дигиталната приватност.

Цел на проектот:

Да се подигне свеста на јавноста, а особено на децата, за нивните права во врска со употребата на интернетот и да им се обезбедат информации и знаење за да се заштитат овие права преку технички и правни средства.

Активности

  • Детален развој на концептот и создавање на 13 кратки филмови и еден краток анимиран филм, со едноставни приказни за решавање на разни прашања од областа на приватноста, а во врска со употребата на новите технологии.
  • Развој на 10 едноставни игри во врска со кратките филмови со примена на цртани ликови (развиени преку проектот CRISP).
  • Објавување на секој пар од завршен филм и соодветната игра на интернет, во редовни интервали.
  • ПР кампања, вклучувајќи пренесување на филмовите на националните и локални телевизии во Македонија, и користење на социјалните медиуми за промовирање на содржините.
  • Промотивни настани – пет за родителите и пет за наставниците. Промоција на дигиталните содржини (филмови и игри), веб-сајтот и на другите ресурси, преку јавни настани во различни градови низ Македонија.
  • Мониторинг и евалуација на проектните активности, како и општата состојба со приватноста во Македонија преку прес клипинг, пишување на годишниот извештај за Приватност и човекови права во соработка со EPIC

Очекувани резултати:

  • Подигната свест на децата за прашања од областа на приватноста, особено за начините како да се решат овие прашања преку иновативна употреба на нови технологии, што го прави учењето забавно.
  • Подигната свест на родителите, старателите и наставниците за прашањата од областа на приватноста и нивната улога во постигнувањето на безбедна интернет околина за нивните деца.

Назад кон е-Законодавство

Поврзани натписи