Мени

Имплементација на е-локално владеење во Македонија

Со поддршка на имплементацијата на е-локално владеење во 34 општини, проектот Имплементација на е-локално владеење во Македонија имаше за цел да го постигне следното: подобра јавна политика, поголема доверба во владата, посилна демократија и поголем квалитет во услугите за граѓаните.

Резултатите од проектот на пошироко ниво се едноставно подобро владеење преку овозможување на подобри резултати од политиката, поквалитетни услуги и поголема интеракција со граѓаните преку користење на ИКТ. Поспецифично, резултатите од проектот беа: развиена/подобрена ИКТ структура на општините, подобрена инфраструктура за јавен пристап, обучен персонал во општините, зголемена свест за придобивките од е-владеењето, давање техничка помош и зајакнување на капацитетите на избраните општини во примената на моделот и концептот на е-владеење и поттикнување на учеството на граѓаните во локалните социо-економски процеси.

Основни делови на проектот беа: унапредување на информатичката опрема, комуникациските технологии и основниот канцелариски софтвер за општините, обезбедување на општински систем за управување со информации базиран на интернет и развој на решенија за е-владеење во служба на корисниците.

Назад кон Добро владеење

Поврзани натписи