Неговата намена е агрегирање на секаков тип на е-содржини кои се појавуваат на македонскиот веб: написи, фотографии, видеа и сл., без разлика дали тие потекнуваат од веќе популаризирани веб-сајтови или понепознати веб-локации и блогови. Така, посетителите имаат можност да добиваат информации и од извори кои најчесто не се вклучени во други агрегатори, додека пак оние кои ги поставуваат содржините добиваат шанса за дополнителна промоција на она што е веќе објавено на нивните веб-сајтови и блогови. Корисниците на интернет, кои, пак, имаат потреба од објавување на информации, известувања, најави и сл., на пример граѓанскиот сектор, а немаат свој веб-сајт или блог, имаат можност директно на пинг да ја постават подготвената содржина и јавно да ја споделат со посетителите на сајтот. Опцијата за директно поставување на написи можат да ја користат и оние кои немаат активирано опција за агрегирање на фид од содржините на нивниот сајт.

Ping.mk

Корисници на сајтот можат да бидат посетители кои редовно ќе го посетуваат за да добиваат брзи и сеопфатни информации за актуелните и важните работи за кои излегуваат содржини на разни веб-локации со голема динамика која поинаку не би можеле да ја следат. Со регистрирањето, тие добиваат дополнителна можност да придонесуваат со гласање, коментирање, поставување на свои извори или содржини и креирање на заедници врз основа на заеднички интерес за дадена тема, географска област или во рамките на разни движења за граѓански активизам.

Особено се значајни групирањата на содржините според географските области на кои тие се однесуваат, бидејќи ова е единствена веб-локација каде се овозможува агрегирање на сите релевантни информации во групи кои се однесуваат на одредени општини, места, градови, села и населби во Македонија. За да придонесете во ширење на локалните информации за вашата заедница, додавајте линкови, извори и гласови за содржините кои се поставени во веќе креираните групи или пак ако вашата општина, град и сл. ја нема во листата, креирајте нова група и назначете го првиот извор на содржини кој ќе ја исполнува.

Можноста за гласање овозможува линковите до најпопуларните содржини, фер и демократски да избиваат меѓу првите. Уредниците пак, секојдневно избираат најдобри содржини и ги поставуваат на левата страна на почетната страница, со што тие добиваат можност за уште поголема промоција и популарност.

Сајтот може да се користи и со помош на некои модерни опции како: поставување на виџети на личните веб-сајтови и блогови на корисниците кои автоматски ќе ги прикажуваат содржините од пинг, копчиња за брзо додавање линкови од пинг на сопствените веб-локации, како и букмарклети кои овозможуваат брз пристап до функциите на пинг.

Сподели: