Нацрт-кодекс за заштита на приватноста на Интернет

Заштитата на личните податоци е фундаментално човеково право.

Сопствениците на веб-сајтовите се контролори на личните податоци на нивните корисници. Нивна обврска е да ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци и одредбите на Законот за заштита на личните податоци.

Овој Кодекс претставува алатка која се заснова на начелата врз кои е донесен Законот за заштита на лични податоци на РМ („Службен Весник на Република Македонија“ бр.07/05, 103/08 и 124/10)