Визуелизација – oтвореност на судската власт во регионот и во Македонија

Фондација за интернет и општество Метаморфозис, во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, ја изготви најновата студија на јавна политика во која го анализираме нивото на транспарентност, отвореност, отчетност на судската власт во регионот на Западен Балкан.

Преку оваа визуелизација се презентирани дел од клучните наоди од истражувањето на отвореноста на судската власт во регионот и во Македонија. Според индексот на отвореност, најтранспарентен суд во Македонија e Апелационен суд Битола, додека најпристапен суд e Врховниот суд. Сепак, јавното обвинителство исполнува само 9% од индикаторите на отвореност, и е на последно место во регионот, чиј просек е ниски 27%.

Целосната анализа можете да ја погледнете тука.

 

ACTION SEE sudska vlast
Infogram