Мени
markus-bio-400w

Маркус Икстад

markus-bio-400w

Маркус има 21-годишно искуство во бизнисот со медиуми – 5 години искуство како новинар и продуцент во Германија, а останатите 16 години на комерцијални позиции прво во AP, а потоа во Streamworks International, глобална компанија за стриминг којашто обезбедува извонредни доживувања со видео-пренос во реално време преку која било мрежа, до кој било уред, и е избраниот партнер за видео-пренос во реално време на некои од водечките новински организации во светот кои нудат видео-прилози. Неговото уредничко искуство го става во уникатна позиција да ги разбира потребите за содржини и протокот на вестите, а има развиено и стратешки бизнис-вештини при работењето со брендовите за емитувани, печатени и дигитални вести во Европа, Блискиот Исток и Африка.

Целта на Маркус е да ја користи својата стручност, комерцијалните успеси, изобилството од контакти во медиумите, како и неговата визија за иднината на етаблираните новински брендови, со цел да создава нови дигитални бизнис-модели и нови доживувања за гледачите на видео-вести.

Како државјанин на САД израснат и образован во Германија и САД, Маркус ја започна својата новинарска кариера во телевизиските вести, како хонорарен соработник во различни германски ТВ-станици во улога на репортер, презентер и продуцент. Од 1992 година помагаше во воспоставувањето на каналот на англиски јазик на германскиот глобален радиодифузер – телевизијата Дојче Веле, пред да се приклучи на Асошиејтед прес (AP) во Лондон на комерцијална позиција во средината на 1997 година, каде што на крај надгледуваше една петтина од вкупниот профит на AP.

Во Streamworks International, Маркус ја применува врвната технологијата „Видео-преку-IP“ на оваа компанија за да и помогне на медиумската индустрија во транзицијата кон испораката и дистрибуцијата на видео-вести во реално време преку интернет.

Поврзани натписи