Мени
logo_bilten_kirilica

Metamorphosis e-Bilten #11 – Avgust 2008

#mce_temp_url#

logo_bilten_kirilica
English version bellow
е-Билтен

број 11, август 2008 година

Вовед: Традиционални медиуми ги демонизираат гејмерите

Автор: Филип Стојановски – програмски координатор во МетаморфозисFilip Stojanovski

Два влијателни македонски медиуми, весникот Дневник и телевизијата А1, имаат објавено технофобнитекстовиво кои гејмерите се претставени како опасност за општеството со речник кој заличува на говор на омраза. Ова не е прв изблик на технофобија во македонската јавност, оти разни традиционални медиуми и во минатото ги имаат претставувано компјутерџиите како закана. На пр. кога во 2002 година се јави проблем со преголеми телефонски сметки, насловите како „Граѓаните горат од жешките разговори на компјутерџиите“ вината целосно ја префрлаа на генерализирани хакери, додека можноста за пропусти од страна на телекомот беше „закопана“ длабоко во текстот.

Вести: Македонија

Вести: Свет

Активности на Метаморфозис

Глобал Војсес

Најава на настани

Македонија

Свет

Термин на месецот: Фишинг

Фишинг е термин што се користи кога се работи за присвојување на идентитетот на легитимната организација или веб-сајт, употребувајќи фалсификувана е-пошта, односно имејл и/или веб-страница и со цел да се убедат корисниците да ги споделат своите кориснички имиња, лозинки и личните податоци (име, броеви на кредитни картички, матични броеви или броеви за социјално осигурување), со цел тие да бидат злоупотребени.

Совет на месецот: Справување со документи во форматот docx

Има неколку решенија како да постигнете интероперабилност доколку добивате документи во форматот docx направени со Мајкрософт офис 2007, а ја немате таа апликација. Ако користите МС офис 2003, може го инсталирате додатокот обезбеден од производителот (28 МБ). Ако користите Опен офис.орг или други апликации кои го отвораат постариот doc-формат, тогаш може да го употребите веб-сајтот Docx2Doc.com и docx-converter.com

Апликација на месецот: Лајтнинг (Lightning)

Лајтнинг е додаток за имејл клиентот Мозила тандербрд кој него го оспособува како менаџер на актуелните задачи и настани на корисникот. Достапен е и на македонски јазик за корисниците на Мозила тандербрд кои се служат со македонската верзија, има многу едноставен и пристапен интерфејс и е сосема функционален. Некои од опциите овозможуваат додавање на нови задачи и настани, нивно именување, одредување на нивното времетраење, како и поставување на потсетници. Најважно од се е што не треба да користите дополнителен софтвер за оваа намена, а лајтнинг ќе украде сосема незначителен дел од работниот простор на клиентот.

Интересни линкови

1. Бидете фанки онлајн!www.befunky.com
2. Сервис за комуникација со себеси и со остатокот од светотsendible.com
3. Прелистувач на модерниот вебwww.flock.com
4. Глогирање – нов начин на изразување за младитеwww.glogster.com
5. Форво – заедница за изговарање на зборовитеforvo.com
6. Алатка за едноставна изработка на веб-сајтовиsites.google.com

Издавач: Фондација Метаморфозис, ул. Наум Наумовски Борче 88а, 1000 Скопје.
Тел. +389(0)2 3109 325, факс +389(0)2 3225 206.
Е-пошта info@metamorphosis.org.mk, веб-сајт www.metamorphosis.org.mk

logo_bilten_latinica
e-Newsletter

issue 11, аugust 2008

Intro: Traditional Media Demonize Gamers

Author: Filip Stojanovski – program coordinator in MetamorphosisFilip Stojanovski

Two influential Macedonian media outlets, Dnevnik daily and A1 TV, have recently published technophobic articles portraying the gamers as menace to society, using language bordering on hate speech. This is not the first outbreak of technophobia in Macedonia (MKD). Traditional media have been portraying computer geeks as a threat in the past on many occasions. A case in point was the 2002 affair when many citizens complained about inflated phone bills, and titles such as “Citizens ripped off by computer geeks’ hot line talks” (MKD) blamed some generalized hackers, “burying” the possibility for mishap by the Telecom deep in the bowels of the text.

News: Macedonia

News: World

Activities

Global Voices

Announcements of Events

Macedonia

World

Word of the Month: Phishing

Phishing is a term used for the impersonation of a legitimate organization or website, carried out by sending a false e-mail directing users to enter details (user names, passwords and personal data, name, credit card numbers, personal identification numbers and social security numbers) at a fraudulent website.

Tip of the Month: Dealing with documents in docx format documents

There are several solutions for achieving interoperability if you are getting documents in the docx format from Microsoft’s Office 2007, and you don’t have that application. If you’re using Microsoft Office 2003, you can install the extension provided by the developer (28MB). If you’re using OpenOffice.org or other applications that are opening the older .doc format, then you can use the websites docx-converter.com and Docx2Doc.com

Application of the Month: Lightning

Lightning is an add-on for the Mozilla Thunderbird e-mail client that makes it a manager of the current user tasks and events. It is available in Macedonian language for the Mozilla Thunderbird users using the Macedonian version, has a simple and accessible interface and is completely functional. Some of the options allow the adding of new tasks and events, naming them and assigning their duration, as well as the setting of reminders. The most important thing is that Lightning does not require any additional software, and it will use a very small part of the client’s workspace.

Links

1. Be funky online!www.befunky.com
2. Organise yourself and keep in touch with peoplesendible.com
3. The Browser For The Modern Webwww.flock.com
4. Glogging – the new way of expressing for youthwww.glogster.com
5. Forvo – The free pronunciation guideforvo.com
6. Simple to use website design toolsites.google.com

Published by Metamorphosis Foundation. ul. Naum Naumovski Borche 88-a, 1000 Skopje.
Tel. +389(0)2 3109 325, fax +389(0)2 3225 206.
E-mail info@metamorphosis.org.mk, web www.metamorphosis.org.mk

[unsubscribe link]

Поврзани натписи