Мени
logo_bilten_kirilica

Metamorphosis e-Bilten #12 – September 2008

logo_bilten_kirilica
Тираж: 3047
е-Билтен

број 12, септември 2008 година

Вовед: Дигитално раскажување приказни

Автор: Елена Игнатова – програмски асистент во МетаморфозисElena Ignatova

Раскажувањето приказни веќе долго време се користи како алатка за учење лекции, зачувување на настаните и историјата, пренесување на културата и традицијата, а и за забава. Секој човек има приказни за раскажување. Преку раскажувањето приказни учиме за заедничките карактеристики со другите луѓе и преку нив се поврзуваме со светот.

„Дигиталното“ раскажување приказни се однесува на медиумот кој се користи за да се пренесе приказната. Дигиталните приказни едноставно се приказни кои се креирани и распространети со помош на дигиталните медиуми. Тие се вистинско, преживеано искуство на нејзиниот креатор – напишано, раскажано и илустрирано од лицето кое ја доживеало приказната.

Вести: Македонија

Вести: Свет

Активности на Метаморфозис

Глобал Војсес

Најава на настани

Македонија

Термин на месецот: Сајбер-дисидент

Сајбер-дисидент е професионален новинар или граѓанин-новинар кој на интернет објавува вести, информации или коментари со кои ја критикува владата или режимот.

Најмалку две непрофитни организации моментно работат на подигнување на свеста за придонесот на сајбер-дисидентите и на нивна одбрана од прекршувањата на човековите права: Глобал војсис онлајн и Репортери без граници. Втората има издадено Прирачник за блогери и сајбер-дисиденти и одржува список со сајбер-дисиденти кои се во затвор. Исто така, формиран е Комитет за заштита на блогери.

Во областите каде што печатените медиуми, радиото и телевизијата се строго контролирани, анонимните постови на интернет од сајбер-дисидентите може да бидат единствените извори на информации за искуствата, чувствата и мислењето на обичните граѓани. Сепак, оваа предност може да биде неутрализирана поради тешкотијата да се процени добрата волја и веродостојноста на извештаите што потекнуваат од анонимни извори.

Совет на месецот: Креирајте ПДФ фокумент со Криејтив комонс лиценца

Креирајте ПДФ фокумент со Криејтив комонс лиценца со помош на CC PDF креаторот. Видео туториал .

Апликација на месецот: Crawler Parental Control

Crawler Parental Control е една од ретките бесплатни, сеопфатни и целосно функционални апликации за родителска контрола. Веднаш по инсталирањето се дава администраторска лозинка, која на родителот му овозможува да ги направи саканите приспособувања за секој корисник на компјутерот поединечно. Софтверот овозможува контролирање на времето што корисникот го поминува на интернет, како и ограничување на времето што тој воопшто смее да го помине на компјутер. Може да се наведат одредени веб-сајтови кои корисникот не смее да ги посетува, такви кои за него ќе бидат дозволени, како и зборови кои доколку се пронајдат на некоја веб-страница, ќе го оневозможат пристапот до неа.

Crawler Parental Control овозможува и ограничување на пристапот на корисниците до одредени папки или пак до цели дискови на компјутерот. Ова ограничување може да биде целосно или да важи за одредени периоди од неделата и од денот, а постои и опција за одредување дозволен број часови кои корисниците смеат да ги поминат во текот на месецот, неделата и денот. Секако може да се блокираат и одредени програми, како и да се забрани пристапот до одредени системски локации заради спречување промени кои можат да ја оневозможат правилната работа на системот.

За сево ова, вие како родител, од програмата може да добивате извештаи за активностите на вашите деца при користењето на компјутерот.

Интересни линкови

1. Платформа за онлајн емитување на видео во живоwww.ustream.tv
2. Монтирајте видеа онлајнwww.onetruemedia.com
3. Едиси – наједноставниот веб едиторwww.edicy.com
4. Споделете ги алатките кои често ги користитеwww.socialsourcecommons.org
5. Книги од јавен домен во аудио форматwww.librivox.org

Издавач: Фондација Метаморфозис, ул. Наум Наумовски Борче 88а, 1000 Скопје.
Тел. +389(0)2 3109 325, факс +389(0)2 3225 206.
Е-пошта info@metamorphosis.org.mk, веб-сајт www.metamorphosis.org.mk

logo_bilten_latinica
Circulation: 3047
e-Newsletter

issue 12, september 2008

Intro: Digital Storytelling

Author: Elena Ignatova – program assistant in MetamorphosisElena Ignatova

For a long time now, storytelling has been used as a tool for learning lessons, preserving events and history, conveying culture and tradition, and for fun. Every man has a tale to tell. By telling stories, we learn about the characteristics that we have in common with other people and through them we are connecting with the world.

“Digital” storytelling refers to the media used to convey the story. The digital stories are simply stories that are created and disseminated by using digital media. They are actually real experiences of their creators – written, narrated and illustrated by the person who has experienced the story.

News: Macedonia

News: World

Activities

Global Voices

Announcements of Events

Macedonia

Word of the Month: Cyber-dissident

A cyber-dissident is a professional journalist or citizen journalist who posts news, information, or commentary on the internet that implies criticism of a government or regime.

At least two nonprofit organizations are currently working to raise awareness of the contributions of cyber-dissidents and to defend them against the human rights violations to which some of them are subjected: Global Voices Online and Reporters Without Borders. The latter has released a Handbook For Bloggers and Cyber-Dissidents and maintains a roster of currently imprisoned cyber-dissidents. The Committee to Protect Bloggers has been created [1]

In regions where print and broadcast media are tightly controlled, anonymous online postings by cyber-dissidents may be the only source of information about the experiences, feelings, and opinions of ordinary citizens. This advantage may be offset by the difficulty in assessing the good faith and accuracy of reports originating from anonymous sources.

Tip of the Month: Create PDF documents licensed under the Creative Commons license

Find out how you can create PDF documents licensed under the Creative Commons license with the CC PDF Creator. View video tutorial. (on Macedonian)

Application of the Month: Crawler Parental Control

Crawler Parental Control is one of the few free, comprehensive and fully functional parent control applications. Immediately upon installation, parents will be provided with an administrator password, enabling them to define the desired settings for each computer user separately. The software provides an option for controlling the time that a particular user spends on the internet, as well as a limitation of the total time that he/she can spend on the computer. Certain websites that the user is not allowed to visit can be specified, websites that the user is permitted to visit, as well as certain words which – if found on a particular webpage would disable access to it.

Crawler parental control also provides limitation of users’ access to certain folders or entire hard disks on the computer. This could be a complete limitation, or it could only be valid for certain periods of the week or the day, and there is also an option for specifying the number of hours that users are allowed to spend on the computer during the day, week or month. Of course, certain programs can be blocked, and access to certain system locations can be restricted in order to prevent changes that could disrupt the system’s proper functioning.

If necessary, the program could provide the parents with reports on their children’s activities on the PC.

Links

1. Online video streaming platformwww.ustream.tv
2. Online video editingнwww.onetruemedia.com
3. Edicy – the simplest web editorwww.edicy.com
4. Share the tools that you often usewww.socialsourcecommons.org
5. Public domain books in audio formatwww.librivox.org

 

Published by Metamorphosis Foundation. ul. Naum Naumovski Borche 88-a, 1000 Skopje.
Tel. +389(0)2 3109 325, fax +389(0)2 3225 206.
E-mail info@metamorphosis.org.mk, web www.metamorphosis.org.mk

[unsubscribe link]

Поврзани натписи