Мени
bilten_mk_3

Metamorphosis e-Bilten #3 – Noemvri 2006

bilten_mk_3

English version bellow
Тираж: 286.
Вовед:

Почитувани,
Бардил Јашари
Дозволете да изразам задоволство од повторното одржување на меѓународната конференција е-Општество.Мк. Ќе настојуваме таа да стане традиционална, овозможувајќи на едно место да разменат искуства експерти и носители на одлуки од Македонија и странство. Посебно битно е што меѓу учесниците има претставници од владиниот, невладиниот и приватниот сектор од целиот регион, оти такво партнерство е основа за изградба на одржливо информатичко општество. Особено што оваа конференција доаѓа веднаш по одржувањeто на Форумот за управување co интернет во Атина каде што видливо беше истакната потребата за градење синергија меѓу сите чинители.

Драго ни е што Македонија е домаќин на еден ваков регионален настан со што се потврдува нејзината посветеност кон евроинтеграциските процеси и ставот дека информатичкото општество и ИКТ се интегрална компонента на севкупниот развој.

Ви посакувам добредојде на е-Општество.Мк, со надеж дека вашето активно учество ќе придонесе за нејзината успешност.

Бардил Јашари, директор на
Фондацијата Метаморфозис

e-Society.mk

Вести: Македонија

Вести: Свет

Активности на Фондацијата Метаморфозис

Термин на месецот
Премин на дигитална телевизија (Digital switchover) е процес со кој аналогното емитување во дадена област се заменува со дигитално.
(Повеќе за терминот на месецот може да се прочита на Википедија на македонски, во написот подготвен од персоналот на Метаморфозис.)

Совет на месецот: Лоцирање на преземени и изгубени датотеки
Доколку ви се случило да не знаете каде ви е снимена датотека преземена од интернет, во Виндоуз може да ја пронајдете преку опцијата Start/Search. Од листата на понудени опции одберете All Files and Folders/When it was modified/Specify dates (зададен е датумот на денот кога се врши пребарувањето, во зависност од потребите се менува). Ќе добиете список на сите датотеки кои биле променети на наведениот датум, а меѓу нив и преземените датотеки.

Апликација на месецот
mail2web.com – овозможува проверување на вашата е-пошта хостирана на било кој сервер, без потреба да имате инсталирано клиентска апликација или детални подесувања за веб-пристап за тој домеин. Сè што ви треба е да си ја знаете адресата и лозинката.

Анкета
На анкетното прашање Дали би купувале преку интернет? одговорија 88 посетители, одбирајќи ги следните одговори:

  • Да, но немам кредитна картичка – 39 %
  • Да, веќе го правам тоа со кредитни картички – 29 %
  • Да, но не можам со мојата тековна кредитна картичка – 16%
  • Не, а и немам кредитна картичка – 8%
  • Не, иако поседувам кредитна картичка – 8%

Ве покануваме да земете учество на новата анкета на веб-сајтот на Метаморфозис: На кој јазик најчесто следите печатени компјутерски списанија?

Препорачани линкови

  • Brainbench – тестирање и сертификација на вашите компјутерски вештини, со чести бесплатни промотивни можности
  • All Measures – конверзија во скоро сите мерни единици
  • Македонски железници – возен ред на возовите во Македонија
  • Виза, ај батали! – блог на младинските организации Млади европски федералисти (JEF) и АEGEE
  • Махир Чагри – човекот од Турција чиј лик послужи како основа за Борат
  • Librivox – бесплатни аудио книги и детска литература

Издавач: Фондација Метаморфозис, ул. Наум Наумовски Борче 88а, 1000 Скопје. Тел. +389(0)2 3109 325, факс +389(0)2 3225 206. Е-пошта info@metamorphosis.org.mk, веб-сајт www.metamorphosis.org.mk.

bilten_en_3

Circulation: 286.

Intro

Dear readers,

Bardhyl JashariAllow me to express my satisfaction that the International Conference e-Society.Mk takes place again, in Skopje. We will strive to make it a tradition, providing space to enable exchange of experiences by experts and decision makers from Macedonia and abroad. Especially important element is the participation of representatives of the governmental, the nongovernmental and the business sector from the whole region, because such partnership provides basis for building a sustainable information society. The need and will for building synergy and inclusion of all stakeholders was evident and emphasized at the Internet Governance Forum in Athens last week.

We are glad that Macedonia hosts this regional event, confirming its dedication to the Euro-integrative processes and the stance that information society and ICT are integral component of the overall development.

I wish you a warm welcome to e-Society.Mk, hoping that your active participation will contribute to its success.

Bardhyl Jashari, director,
Metamorphosis Foundation

e-Society.mk

News: Macedonia

News: World

Activities of Metamorphosis Foundation

Word of the month
Digital switchover is the name given to the process in which analogue broadcast television in an area is converted to digital television.
(Read more on Wikipedia. Metamorphosis’ team updates the Macedonian version with the definitions for the terms from this section.)

Tip of the month: Locate Missing Downloaded Files
To locate files you’ve downloaded to unspecified (or forgotten) location from the internet, in Windows click Start/Search. When the Search utility opens, select All Files and Folders/When was it modified/Specify dates option. The default date will pop up as current date for the Start and End date. Leave the All or Part of the Filename blank. The resulting list will contain all files modified on that date, including

Application of the Month
mail2web.com – enables using an e-mail account hosted on any server, without the need for installing a client application or knowledge of advanced settings for access to the particular domain. All you need to know is your e-mail address and password.

Survey
88 site visitors responded to the survey question: Are you willing to shop via the internet?

  • 39 % responded “Yes, but I do not have a credit card”
  • 29 % responded “Yes, I already do that with credit cards”
  • 16 % said “Yes, but I cannot use my current credit card”
  • 8 % said “No, although I have a credit card” and
  • 8 % replied “No, and I do not have a credit card”

We invite you to take part in the new survey on Metamorphosis website: In what language do you most frequently read hardcopy computer magazines?

Recommended links

  • BrainBench – testing and certification of computer skills, frequently offering free tests
  • All Measures – conversion to and from almost all measuring units
  • Macedonian Railways – timetable for trains in Macedonia
  • Visa, forget about it! – blog by youth organisations Young European Federalists (JEF) and AEGEE
  • Mahir Çagri – Turkish internet celebrity whose character was used as basis for Borat
  • Librivox – free audiobooks

Published by Metamorphosis Foundation. ul. Naum Naumovski Borche 88-a, 1000 Skopje. Tel. +389(0)2 3109 325, fax +389(0)2 3225 206. E-mail info@metamorphosis.org.mk, web www.metamorphosis.org.mk.

Поврзани натписи