Мени
bilten_mk_9

Metamorphosis e-Bilten #9 – Maj 2007

bilten_mk_9

English version bellow

Тираж: 752.

Вовед: Официјално претставување на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс

Nikolce MickovskiМакедонија ќе се приклучи на светското движење во поддржувањето на слободната култура преку промоција на лиценците Криејтив комонс локализирани на македонски јазик.

На 19 јуни 2007 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи официјалното претставување на македонската верзија на лиценците. Специјален гостин на настанот ќе биде Јоичи Ито, претседавач на управниот одбор на Криејтив комонс и член на управните одбори на ИКАНН, Фондацијата Мозила, Технорати и ајКомонс.

Од името на Фондацијата Метаморфозис ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да присуствувате на овој настан кој претставува огромен исчекор во македонската култура и промоција на креативните авторски содржини.

Николче Мицкоски, програмски асистент
во Фондацијата Метаморфозис

Вести: Македонија

Вести: Свет

WSA MacedoniaАктивности на Фондацијата Метаморфозис

Најави на настани

  • 26 мај: МК Блог конференција во организација на Центарот за нови медиуми, локација: Културен центар „Точка“
  • 30 мај: Тркалезна маса: Подобрување на спроведувањето и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за безбедност на класифицирани информации и Законот за заштита на личните податоци во Скопје
  • 30 мај-1 јуни: Работилница за дигитален дизајн на проектот „Печат“ во Британски совет, Скопје
  • 31 мај: Краен рок за пријавување кандидати за Наградата на Светскиот самит – Македонија.
  • 1 јуни: Семинар за Седмата рамковна програма на ЕУ (FP7) на Економскиот факултет, Скопје
  • 2-3 јуни: Дводневна работилница „Radio City“ на тема радио продукција и саунд арт во рамките на проектот „Consumer vs. User“ на Line I+M во просториите на Метаморфозис, Скопје.
  • 5 јуни: Избор на кандидатите за Наградата на Светскиот самит – Македонија во Стопанска комора, Скопје
  • 15-17 јуни: Самитот на ајКомонс (iCommons Summit) во Дубровник, Хрватска
  • 19 јуни: Објавување на македонските лиценци Криејтив комонс во Скопје

Термин на месецот: Јоичи Ито
Јоичи Ито, познат и како Јои Ито, е активист, претприемач и инвеститор роден во Јапонија и образуван во САД. Тој е претседавач на управниот одбор на Криејтив комонс и член е на управните одбори на ИКАНН, Фондацијата Мозила, Технорати и ајКомонс (меѓу другите). Основач е и извршен директор на инвестициската фирма Неотени ко.
(Повеќе за терминот на месецот може да се прочита на Википедија на македонски, во написот подготвен од тимот на Метаморфозис.)

Совет на месецот: Направете свој „Авто-одговор“

Ако планирате подолго време да бидете отсутни од вашиот компјутер (одите на годишен одмор, на службено патување и сл.) тогаш можете да пратите „Авто-одговор“ на сите кои ќе ви пишат и ќе им соопштите дека ќе бидете отсутни. Еве што треба да направите за да поставите автоматски одговор во клиентот за е-пошта Mozilla Thunderbird.

Отворете го Mozilla Thunderbird, и кликнете на иконата „Write“да креирате нова порака. Потоа напишете ја вашата „авто-одговор“ порака онака како што секогаш пишувате пораки. Пота, кликнете на „Save“и одберете „Template“ за да биде снимена во папката за шаблони. Сега, одете во „Tools“ „Message Filters“ и кликнете на копчето „New“. Одберете име на филтерот (на пример „одговор за одмор“ или „автоматски договор“) и изберете ја опцијата „Match any of the following“. Под него, употребете го паѓачкото мени за да го одберете полето „To“ и полето „contains” и впишете го знакот @ во третото поле. Потоа, од листата „Perform these actions“, одберете „Reply with Template“ и одберете го шаблонот „Auto Reply“ што го креиравте. Кликнете на „ОК“. Правилото за пораки ќе се појави во вашата листа за филтри. Ако веќе имате некои постоечки филтри, погрижете се да го поставите овој филтер на почеток. Штом сте готови со сите дотерувања, затворете го прозорецот и подготвени сте да го оставите компјутерот.

Апликација на месецот: Google Docs

Google Docs е одлична апликација ако сакате да работите на вашите документи онлајн. Лесно можете да ги користите основните функции, вклучувајќи и нумерирани листи и листи со точки, сортирање во колони, додавање табели, слики, коментари, формули, промена на фонтови…

Исто така, можете да изберете кој може да пристапи до вашите документи и сè што треба да направите е да ги внесете адресите за е-пошта на сите со кои сакате да го споделите документот и да им испратите покана. Секој кој сте го поканиле да го погледне или уреди документот, ќе може да го направи тоа веднаш штом се најави. Исто така, повеќе луѓе можат да гледаат и да прават промени во ист документ во исто време, а ревизиите на документот точно ви покажуваат кој што променил и кога ја направил промената.

Препорачани линкови

Издавач: Фондација Метаморфозис, ул. Наум Наумовски Борче 88а, 1000 Скопје. Тел. +389(0)2 3109 325, факс +389(0)2 3225 206.
Е-пошта info@metamorphosis.org.mk, веб-сајт www.metamorphosis.org.mk.

bilten_en_9

Circulation: 752.

Intro: Official promotion of Macedonian version of Creative Commons licenses

Nikolce MickovskiMacedonia will join worldwide movement for free culture with promotion of the Creative Commons licenses localized in Macedonian language.

Official launching ceremony of Macedonian version of the licenses will be organized in Holliday Inn Hotel in Skopje on June 19, 2007. Special guest at the event is Mr. Joichi Ito chairman of the board of Creative Commons and the chairman of Six Apart Japan. He is on the board of ICANN, the Mozilla Foundation, Technorati, and iCommons.

On behalf of Metamorphosis Foundation I have the honor to invite you to attend the event that presents step forward in Macedonian culture and promotion of creative content.

Nikolce Mickoski, program assistant,
Metamorphosis Foundation

News: Macedonia

News: World

WSA MacedoniaActivities of Metamorphosis Foundation

Announcements of Events

  • May 26: MK Blog Conference organized by Center for New Media in Cultural Centre Tochka, Skopje
  • May 30: Round table on improving the implementation of the Law on Free Access to Information of Public Character, Law on Security of Classified Information, and Law on Protection of Personal Data in Skopje
  • May 30-June 1: Digital design workshop by project “Pechat” [stamp] in the British Council, Skopje
  • May 31: Deadline for applying for the World Summit Award – Macedonia.
  • June 1: Seminar on the EU’s Framework Programme 7 (FP7) at the Faculty of Economy, Skopje
  • June 2-3: Two-day workshop “Radio City” – radio production & sound art, part of the „Consumer vs. User“ project by Line I+M. Location: Metamorphosis premises, Skopje.
  • June 5: Selection of candidates for the World Summit Award – Macedonia. Chamber of Commerce, Skopje
  • June 15-17: iCommons Summit in Dubrovnik, Croatia
  • June 19: Launch of the Macedonian version of Creative Commons licenses in Skopje.

Word of the Month: Joichi Ito
.Joichi Ito, more commonly known as Joi Ito, is a Japanese-born, American-educated activist, entrepreneur, and venture capitalist. He is the chairman of the board of Creative Commons and the chairman of Six Apart Japan. He is on the board of ICANN, the Mozilla Foundation, Technorati, and iCommons (among others). He is the founder and CEO of the venture capital firm Neoteny Co., Ltd.
(Read more on Wikipedia. Metamorphosis’ team updates the Macedonian version with the definitions for the terms from this section.)

Tip of the month:Create Your Own Auto Reply

If you are planning to be absent from your computer for long time (going on vacation or businees trip) you can send auto reply to all the people who will send e-mails to you telling them that you will be absent. The following steps will help you to set your auto reply in Mozilla Thinderbird e-mail client.

Open the Mozilla Thunderbird and click on the Write icon to create a new message. Then write your auto reply message just like you normally would write an e-mail. Next, click Save and choose so it will be saved in your templates folder. Now, go to Tools, Message Filters and click on the New button. Choose a filter name (for example, “vacation response” or “auto reply”) and check the option of “Match any of the following.” Below that, use the drop down menus to choose “To” in the first box, “contains” in the second box and then type @ (the at sign) in the third box. Now, under the “Perform these actions” list, choose “Reply with Template” and choose the Auto Reply template that you created. Click OK. The message rule will then show up under your filter list. If you have other filters already in place, make sure you move this one up to the very first spot. This will ensure that it will be sent out to anyone who e-mails you while you”re on vacation. Once you”re done with all that, just close out the window and you”ll be all set.

Application of the Month: Google Docs

Google Docs is great application if you want to work on your documents online. You can easily do all the basics, including making bulleted lists, sorting by columns, adding tables, images, comments, formulas, changing fonts…

You can choose who can access your documents and all you have to do is to enter the email addresses of the people with whom you want to share a given file and send them an invitation. Anyone you”ve invited to either edit or view your document can access it as soon as they sign in. In addition, multiple people can view and make changes at the same time and document revisions show you exactly who changed what, and when.

Recommended links

Published by Metamorphosis Foundation. ul. Naum Naumovski Borche 88-a, 1000 Skopje. Tel. +389(0)2 3109 325, fax +389(0)2 3225 206.
E-mail info@metamorphosis.org.mk, web www.metamorphosis.org.mk.

Поврзани натписи