e-Законодавство: Иницијатива за приватност на интернет

Општа цел: Да се придонесе за заштитата на човековите права и развојот на демократијата во Македонија

Цел на проектот: Зголемување на заштитата на приватноста во Македонија.

Метаморфозис ќе спроведе оценување на практиките и процедурите на институциите, организациите и фирмите за ракување со личните податоци. За таа цел ќе биде развиена специјална методологија од страна на интердисциплинарна работна група. Проценката ќе послужи како основа за понатамошно развивање на проектни активности.

Покрај тоа, ќе се спроведе кампања за подигнување на свеста, насочена кон граѓаните, од една страна, и кон институциите што располагаат со лични податоци (компании и државни органи), од друга страна.

Работната група, исто така, ќе работи на подготовка на македонскиот дел за извештајот „Приватност и човекови права“, годишниот глобален извештај кој го подготвува EPIC и Privacy International.

До крајот на проектот, Фондација Метаморфозис ќе спроведе втора процена на целните групи, обезбедувајќи верификација на проектните активности.

Очекувани резултати:

  • Зголемување на јавната свест за приватноста и заштита на личните податоци прашања
  • Зголемена примената на законите од заштита на дигитална приватност
  • Зголемена употребата и имплементација на јавни политики за приватност од компании, институции и организации

Назад кон е-Законодавство

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

e-Законодавство:

Иницијатива

за

приватност

на

интернет