Македонски
Волонтирање во Метаморфозис PDF Печати Е-пошта
27.07.2009

Фондацијата Метаморфозис како дел од своите активности за зајакнување на капацитетите отвора можност за сите заинтересирани да се вклучат како волонтери во работата на организацијата. Идните волонтери ќе имаат можност директно да се вклучат во редовните активности на организацијата со што ќе стекнат работни вештини и ќе ги надградат своите знаења.

Некои од основните обврски на секој волонтер ќе бидат:

  • Логистика за настани организирани од Фондацијата Метаморфозис
  • Одржување на профили на социјални медиуми
  • Истражување и пронаоѓање на содржина на одредени теми
  • Контактирање и известување на соработници на организацијата за разни новости

Други обврски кои може да ги извршува волонтерот во зависност од неговите квалификации се:

  • Инсталирање на софтвер
  • Пишување рецензии на сајтови
  • Превод на разни статии за информатичко општество

Покрај наведените обврски волонтерот ќе има и други задачи во зависност од проектите кои се изведуваат во конкретниот период.

Заинтересираните кандидати треба да волонтираат минимум 3 месеци, со минимално работно време од 4 часа во денот. Во периодот на волонтирање, Фондацијата Метаморфозис ќе ги покрива трошоците за превоз и храна на волонтерот.

Сите заинтересирани може да пратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо по електронска пошта на info@metamorphosis.org.mk.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5